Колку се познаваат младите Албанци и Срби?

Извор: Recom.link

Спротивставени перцепции за минатото, лошо влијаат на перспективи за иднината
 

Теута Хоџа
Поминаа повеќе од 17 години од почетокот на војната во Косово, но односите меѓу Косово и Србија се уште не се стабилни. Косово денес се бори за да се постигне идејата за мултиетничко општество во аспекти на комуникација, соработка и евентуална интеграција меѓу заедниците што живеат во Косово, особено меѓу Албанците и Србите.Локалните избори во 2013 година беа многу важни, бидејќи северниот дел на Митровица учествуваше во изборите спонзорирани од Косово.
 

Важно е да се напомене дека немаше ,многу проценки за воените злосторства, како во Косово и во регионот. Голем број на луѓе беа убиени, главно цивили, и многу се уште не се пронајдени. Извршителите не беа прописно осудени,немаше соодветна компензација за жртвите, и образовниот систем не успева да ја фати историјата на 90-тите години во земјите од Западен Балкан преку регионална перспектива. Ова ги забавува односите меѓу двете најголеми заедници на Косово, како и сите обиди да се движат надвор од постојните разлики.
 

Фактот дека процесот на справување со минатото е од клучно значење со цел да се оди напред, МИЧП Косово спроведе истражување со фокус на младите родени во повоените општества кои имаат појасни спомени од војната од своето детство. [1] Младоста еден од основните актери во процесот на градење на мирот, и е потребна за извршување на вредностите на помирување и за изградба на одржливо општество во иднина. Затоа, сакавме да укажеме на важноста на образованието: Каков вид на информации, приказни, впечатоци имаат двете заедници во врска со настаните од минатото, дали тие имаат предрасуди? Дали тие имаат секојдневна интеракција преку разни социјални форми и улоги? Што знаат за културата на другиот, и колку добро се информирани за блиското минато? Во основа на сето тоа: како оди процесот на помирување?
 

Мило ми е што ве запознав!
Првото прашање на нашето истражување беше едноставно - "Дали некогаш сте се сретнале со албанец или србин?" Сакавме да добиеме реална слика: Дали граѓаните на ова општество со историја на конфликт и нејасни политички системи, се сретнуваат после воениот период?
 

Нашиот резултат покажува дека 39,36% од младите на Косово од албанска националност (K-Албанци) имале прилика да се сретнат со своите сограѓани од српска националност, додека 70,59% од младите на српската етничка припадност (К-Срби) се сретнале K-Албанци во повеќе наврати. Со цел да се разбере ова подобро, важно е да се знае причината  за оние кои не комуницираат? Најчест одговор беше(граф.1.) "етнички, јазични и географски бариери." Што значат овие бариери ? Врз основа на одговорите што ги добивме, повеќето од нив се однесуваат на физичка делба, фактот дека не живеат во иста заедница, и не ги знаат јазикот и културата на другиот. Ова прашање беше отворено, така што добивме и поинакви одговори како што се убиства во семејството , омраза и одбивање.

Граф 1
 Ако никогаш не сте се сретнале со нив, што мислите дека е причината за тоа?
 

-Благодарение на долг период на физичка изолација,голем број на млади луѓе од овие заедници никогаш не се сретнале со членовите од други заедници, нема посетиле други градови,села  или домови; 92,12% од К-Албанци никогаш не биле гости во семејство на некој од српската етничка припадност, додека 78% од К-Србите никогаш не биле гости во домот на К-албанец.
 

Предрасудите често доаѓаат од не познавање на културата на одредена социјална група, кон кого имаме предрасуди. Интересно е да се забележи улогата на медиумите во обликувањето на начинот на размислување на младите. Стана јасно кога истражувањето покажа дека оние кои се најмногу познати меѓу младите во Косово се политичарите [2] - 62,65% од К-Албанци познаваа  еден или повеќе политичари од српска етничка припадност, како и 61,61% од К-срби познаваа политичари од албанска националност.
 

Во областа на литературата, само 1,84% на К-Албанци ги знаеле имињата на српските писатели, истото важи за К-Срби, од кои само 1,86% ги знаеше имињата на албанските писатели.
 

Српската музика е позната од 46,90% К-албанци, но многу помал процент на Срби се запознаени со албанската музика - 14,24%.
 

Во земјите од Западен Балкан, спортските настани доведоа до сите јавни собири, каде што етничките поделби често се многу видливи. Резултатите покажаа дека 69,68% К-Албанци не го знаат името на српскиот спортист, а 88,24% од К-Срби не знаеле да наведат ниту  еден Албански спортист.
 

Може ли да ги наведете имињата на местата каде се случија  воени злосторства во Косово?
Знаењето за минатото е содржано во наративи зачувани во меморијата на младите во Косово. Сите прашања во врска со справувањето со минатото беа директни. Сепак, видливи сознанија за воените злосторства во Косово не се високи, особено во врска со злосторствата извршени кон другите етнички групи.
Само 1% од К-Албанци можат да  именуваат три до пет места во Косово каде што  воени злосторства против Србите биле извршени , додека 26,93% од К-Срби не можат да го сторат тоа. Во истата категорија за три места каде што биле извршени воени злосторства врз Албанците, 39,76% од К-Албанци знаеја такви места, а само 4,33% од К-Срби беа запознаени со таква информација.
 

Ние очекувавме просечно знаење во врска со воените злосторства, барајќи од испитаниците да  именуваат најмалку две места каде се случиле воени злосторства против другата  етничка група  во Косово.
Само 1,66% од К-албанската младина го знаеше одговорот на тоа прашање, а само 8,36% на К-Срби. Што се однесува до знаење за воени злосторства врз Албанците, бројката се зголемува на 20,89% за К-Албанци и се намалува на 2,48% за К-српската младина. 13.95% од К- Албанец и 8,67% на К-српската младина знаат барем едно место каде што се случиле  воени злосторства во Косово против Србите. 11.56% од К-Албанци и 5.88% од К-Срби можат да именуваат барем едно место каде биле извршени воени злосторства врз Албанците.

Граф 2: Можете кажете некои  места каде се случиле  воени злосторства во Косово?

Можете да кажете еден албанец / србин кој е обвинет за воени злосторства во Косово?
За ова прашање, одговорите го покажуваат следново: 68,17% од К-Албанци ги знаеја имињата на лицата обвинети за воени злосторства кои се од српска етничка припадност, а само 17,96% од К-срби можеа да го направат тоа; 69,68% од К-албанската младина ги знаеше личностите кои се обвинети за воени злосторства во Косово со албанска националност, додека 10,22% од К-српски млади одговорија на истото прашање потврдно. (Граф 3)

Граф 3
Граф. 3 Можете да именувате барем еден албанец / србин кој е обвинет за воени злосторства во Косово?

Дали знаете каде се одржуваа судењата за воени злосторства?
Со ова последното прашање, чија цел е постигнување на целокупна слика за положбата на младите во процесот на справување со минатото, младите од Косово беа прашани за името на некои места каде што судењата за воените злосторства се одржаа во Косово. 40,87% од К-албански млади луѓе сметаат дека судски процеси не беа одржани во Приштина, исто така, 29.72% од К-српската младина. 50,92% од К-Албанци одговориле со “не” на прашањето дали судењата беа одржани во Митровица, а 32,20% од К-Срби рекоа “не”. 50,92% од К-Албанци сметаат дека судењата не се одржаа во главниот град на Србија, Белград, а 32,82% од К-Срби го имаа истиот став. 93,47% од К-албанската младина рече дека судењата се одржаа во Хаг, Холандија, и 81,11% на К-српската младина го кажа истото. (Граф. 4)

Граф 4
 Дали знаете каде се одржуваа судењата за воени злосторства?

Овој извештај покажува дека е потребно прашањето на слободата на движење  да се реши од страна на Владата и граѓанското општество.Од клучно значење за младите луѓе и останатите граѓани на Косово е да бидат во можност да се движат слободно и без страв во земјата. Сепак, бариерите за поделба на Косовските заедници не се само физички, туку и психолошки. Ова се должи на влијанието на медиумите и образовниот систем, кои се и етнички сегрегирани и во голема мера контролирани од страна на политичката власт. Но, поставувачите на овие норми и вредности и воспитувачите не го стимулираат критичкото размислување помеѓу младите, туку им даваат готови приказни врз основа на строго националистички перспективи. Резултатите се ѕидовите на поделба меѓу заедниците, најочигледно во однос на нивните перцепции за минатото, туку и во однос на нивните перспективи за во иднина. Младинската иницијатива за човекови права - Косово (МИЧП KС) тврди дека граѓанското општество треба да ги преземе можностите за надминување на овие пречки, а исто така има потреба од време, со цел да се промени медиумското кадрирање и образовните системи.
 

Фусноти:
[1] Истражувањето беше спроведено во периодот меѓу јануари и септември 2015 година, со вкупен број од 920 испитаници, 17-30 годишни. Сите интервјуа беа полу-структурирани, со 10 затворени или отворени прашања. Истражувањето беше спроведено на двата официјални јазици на Република Косово: албански и српски јазик.
[2] Интересно, 30,32% од К-Албанци и 62,85% од К-Срби не знаат колкумина од косовските пратеници се Срби.

Авторот е заменик извршен директор на Младинската иницијатива на човекови права во Косово.

FILTER

READ THIS ALSO