Си беше еднаш и никогаш повеќе ...

Комеморација на исчезнатите и убиените деца за време на војната во Косово

Foto: Majlinda Hoxha

Интервју со Деа Деди

Си беше еднаш и никогаш повеќе, моментално се изложува во Ценатарот за документација на Косово (ЦДК) во Приштина, Косово. ЦДК е проект на Хуманитарниот правен центар (ХПЦ) Косово, локална организација која собира податоци за прекршување на човековите права од 1997 година. Основан во 2017, ЦДК е изложбен и образовен простор, креиран за да ја вклучи јавноста во истражувачката дејност на ХПС и да и служи како достапен ресурс за транзициска правда.

Како се коципираше проектот „Си беше еднаш и никогаш повеќе?“

Државата досега направи многу малку да се меморализира минатото во Косово. Државата не даде приоритет на одбележувањето на цивилните жртви на војната во целина. Она што особено нѐ загрижуваше беше тоа што најчувствителната тема, смртта на децата, беше најзапоставена. До денес, не постои симболичен ден за комеморација на оваа категорија на жртви.

Низ текот на годините, ЦДК ги собираше информациите за жртвите од воените злосторства, паднатите борци и оние кои беа киднапирани или исчезнаа во Косово за време на и пред војната. Осврнувајки се на ова обемно истражување, кое се спроведуваше долги години, ЦДК ја издаде книгата „The Kosovo Memory Book“, која служи како комеморација за оние кои беа жртви за време на војната во Косово, во текот на 1998 година. Книгата вклучува кратки, лични наративи за овие индивидуи, за да им се даде живот на сеќавањата на луѓето кои досега се споменувани само како број.

Високиот број на детски жртви од косовската војна, исто така релативно во однос на целосниот број на жртви и недостатокот на внимание кон нив и нивните приказни, не натера да ја иницираме „Си беше еднаш и никогаш повеќе“. 1,024 деца беа убиени и 109 се сметаат за исчезнати. Видовме потреба да се комеморираат овие млади жртви. Сите се согласуваат дека овие деца беа жртви. Нема простор за расправија на оваа тема – киднапирањето и убивањето на деца е криминал. Сакавме да ги раскажеме нивните приказни.

Каков беше процесот на собирање на предметите и приказните на децата?

Преку користење на податоците кои ги собравме во текот на изминатите неколку години, започнавме да контактираме со семејствата со цел од нив да побараме нешто што им припаѓало на децата, приказни врзани за нив и фотографии. По контактирањето со семејствата, сфативме дека поголемиот дел од нив не поседуваа никакви предмети, бидејќи повеќето од нивните куќи биле изгорени. Некои семејства дури немаа ни слика од нивните деца.

Увидовме дека постои голем интерес и подготвеност од страна на семејства да соработуваат - дури и од семејства кои немаа ништо што порано им припаѓало на нивните деца. Тие ја поддржуваа идејата и сакаа нивните приказни да бидат слушнати.
 

Што вклучивте во изложбата?

Од вкупно 1,133 убиени или исчезнати деца, 100 беа од не – албанско потекло, вклучувајки 50 деца од српската заедница. Го употребивме слободниот простор во ЦДК и работевме со тоа што имавме, со околу 20 различни предмети од убиените или исчезнатите деца од различни делови на Косово, плус некои фотографии. Ги изложивме овие предмети, заедно со нивните приказни. Повеќето деца на изложбата беа од албанската заедница. Два предмета припаѓаа на брат и сестра од српската заедница. Пронаоѓањето на семејства од српската и од не – албанската заедница беше особено тешко, бидејки многумина го напуштија Косово. Ние продолжуваме во потрагата по овие семејства, бидејки сакаме да вклучиме што повеќе приказни. Овие приказни мора да се раскажат.

Како реагираа семејствата на изложбата?

Овој проект се потпираше на соработката со семејствата, да работат со нас и да ги споделуваат нивните приказни.

Подготвеноста на семејствата да соработуваат со нас и помеѓу нив, ни покажа како заедниците можат да бидат обединети во тагата. Изложбата беше на многу начини, симбол на помирувањето. Семејствата беа среќни да ги видат нивните дека како се комеморираат со деца од различни заедници. Родителите имаа шанса да се сретнат и да се поврзат. Големата излезност на отворањето, што ја вклучуваше пошироката јавност, организациите од цивилното општество и меѓународната заедница, покажа дека има голем интерес за оваа тема.

За време на отворањето на изложбата, секое семејство дојде на ред да ги запознае другите семејства со предмети и фотографии од нивните деца и да ја прераскажат нивната приказна. Беше многу емотивно. Луѓето се гушкаа, дури и оние кои не беа вклучени. Атмосферата беше полна со тага и благодарност. Беше навистина потресно.

Какво беше влијанието на изложбата врз посетителите?

Фокусот беше ставен на животот на децата – така беа прераскажани приказните. Посетителите добија чуство за секојдневниот живот на децата. Општо, приказните даваат приказ на едноставно детство, нешто што ги потсетува посетителите на сопственото детство.

Потоа, ги прикажавме начините како овие деца ги изгубија своите животи.

Овој начин на поврзување на посетителите имаше импресивно влијание. Видовме дека повикува на чувство на емпатија со жртвите и поголема свест за тоа што се случуваше за време на војната во Косово.

Бидејки нема графичка содржина, изложбата е соодветна за посета и за младите. Особено родителите видоа добра прилика преку изложбата да ја отворат оваа тема од минатото, и да дискутираат со своите деца што се случуваше за време на војната во Косово.

Што друго планирате за Си беше еднаш и никогаш повеќе?

Целиме да ја прошириме изложбата и да вклучиме повеќе приказни. Сега има повеќе семејства кои приоѓаат до центарот и кои се желни да ги споделат своите приказни. Сакаме да направиме повеќе простор за сите.

Во иднината би сакале да создадеме и изложба која ќе патува, се со цел да се даде поголема видливост на оваа тема низ регионот и да охрабриме повеќе семејства да ја раскажат својата приказна.

Ние работиме кон креирање на постојан простор за изложбата. Има семејства кои не подржуваат во оваа намера. Но, за да се материјализира оваа цел, државните институции треба да не подржат.

Деа Деди е директор на Центарот за документација на Косово (ЦДК), проект на Центарот за хуманитарно право на Косово (ЦХПК). ЦДК работи од 2017 година, служи како централизиран центар за податоци,каде пошироката јавност може да побара податоци во врска со транзициската правда и соочувањето со минатото во Косово. Исто така има централна улога во теренските и информативните активности на ЦХП и е светилиште на колективната меморија која се заснова на факти.

___________________________________________________________________

The article is published in the regional magazine Balkan.Perspectives number 12.

The magazine can be found on the link: http://www.dwp-balkan.org/mk/bpm.php?cat_id=6&text_id=2

FILTER

READ THIS ALSO