Старата чаршија – дијамантот на Скопје

Photo: Kristina Lozanovska

Author: Venhar Ramadani

Кога ќе го запознаеш Скопје повеќе и ќе ја вкусиш традицијата на главниот град на Македонија, се добива чувство дека во главниот град има големи поделби. Тоа се чувствува затоа што се вели дека животот во Скопје е поделен поради етничката припадност која што живее на двете страни на Скопје. Албанска и македонска страна. Вака се опишува Скопје генерално, иако оваа перцепција често и пркоси на реалноста.

Реалноста е различна, побогата и подостоинствена од тоа што се кажува и мисли. Виталноста на луѓето е поважна од начинот на организирањето на државниот систем. Со подостоинствено организирање меѓу заедниците во иднина, која е и целта, дури и во Скопје ќе има живот без разлики и живот за сите.

Сè што треба да се направи за животот во Скопје, е да се земе примерот за животот во Старата скопска чаршија. Една фина мини верзија, богата и исполнета, каде сите можат да делуваат, работат и живеат. Скопје има неколку богатства, додека Скопската чаршија е едно универзално богатство за сите, за Албанците, Македонците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други. Чаршијата исто така припаѓа и на туристите кои што доаѓаат за чајот и вкусните ќебапи. Чаршијата припаѓа на верниците кои ги посетуваат џамиите и црквите и тие кои имаат пасија кон историјата за да поминат и да одат до Скопското кале, кое што само по себе е друго богатство, историско дополнување на античко Скопје.

Сето ова е замислено за да поврзе две важни страни на Скопје. Замислено да не функционира само како поврзувачки мост туку и како важно средство за развој на Скопје. Улицата на занаетчиите за злато, филигран, старите народни носии на сите култури кои се присутни во Македонија само ја збогатуваат оваа културна населба. „Чаршијата е Македонија, Македонија е чаршијата“ е една сумарна поговорка за целата историја на Скопската чаршија уште од почетокот.

На интернет пребарувачите, ако барате нешто за Македонија, веднаш барањето ќе ве поврзе со Старата скопска чаршија. Ова се случува бидејќи туристите го предложија како место кое им оставил впечаток при нивното патување, за топлината, диверзитетот и духот кое што може да се почувствува во секое калдрма на оваа специјално соседство. Тоа е место кое што на Трип Адвајзор е рангирано на седмо место, кога пребарувате за Македонија. Значи, спаѓа во 10 најпосетени и предложени места од туристите.

Скопската чаршија се смета за дијамантот на Скопје поради културното богатство, економските и општествените одлики. Дијамант, бидејќи во себе ги содржи сите општествени богатства и етнички разлики. Таков, бидејќи во себе содржи поврзување меѓу новото и старото Скопје. Дијамант, бидејќи многу генерации таму ги прехрануваа своите семејства, а бизнисите ја развиваа економијата на земјата.

Калдрмата можеше да се замени неколку пати досега, но таа е културната вредност на чаршијата, да покаже дека богатото минато има позитивна енергија за да ја осветли иднината. Калдрмата дава чувство дека сте во некоја источна земја, но кога ќе живеете во духот на чаршијата, Ве убедува дека западот и духот на развојот ви овозможува перспектива. Патот со калдрмата Ве поврзува со Скопското Кале, Ве поврзува со пазарот, попознат како Бит Пазар, Ве поврзува со џамиите и црквите, синагогите, музеите, саат кулата и многу други објекти кои се вкоренети.

Старата чаршија во себе го има Скандербег, кај е албанска национална фигура и Филип Втори Македонски. Неколку различни историски периоди и различни верски убедувања кои што никогаш не биле причина за меѓуетнички, верски, културни и државни конфликти. Сите живеат во хармонија, уверувајќи дека живеат и работат во најголемото богатство на Скопје.  

Иако властите досега не работеа многу за чаршијата, оваа место често преживуваше без институционална поддршка, само со духот на тие што ја сакаат и живеат од и за чаршијата. Пред да го најдеме дијамантот, тој може да биде на земја долги години или пак скриен под земја. Граѓаните, стопанствениците, туристите, занаетчиите, артистите и сите други ја одржуваат чаршијата жива.

УНЕСКО ја постави на листата на заштитени места, додека државата во 2008 год. донесе специјален закон за Скопската чаршија. Иако со закон, чаршијата од тогаш не виде некоја голема инвестиција но и некаква специјална заштита од оние кои ја уништуваат на различни начини. Дијамантот на Скопје го штити народот кој го посетува секој ден.

Дијамантот на Скопје, Старата скопска чаршија, се чува максимално од граѓаните без разлика на нивната припадност. Таа е заштитено од минатото и иднината. Заштитена е од Бога, без разлика на религиите. Заштитено е од раката на работниците кои што преку ден пијат чај и се надеваат на подобри денови.

Иако се наоѓа на средината на модерно Скопје со меланхолија за минатото, чаршијата фанатично го заштитува непроценливото богатство. Ја зачувува културата, духот и идејата дека ги собира сите заедно. Сите на едно место, едно место за заедничка и светла иднина.

Живот за сите во Македонија, е новиот дух во Македонија. Исто како што чаршијата е од почетокот. Требаше повеќе од 27 години за некој да го земе духот на чаршијата, да го напише како политичка програма и потоа да се потруди да го спроведе. Многу е просто, требаше да се земат искуствата од сите и од минијатура да се преобрази во функционална државна структура.

Дијамантот e пронајден. Тој веќе постоеше. Ние не го гледавме. Го најдовме дијамантот. Дијамантот почна да свети! Светлината на дијамантот не заслепи бидејќи бевме навикнати да гледаме кон негативното, кон мрачните нешта!

 

 

FILTER

READ THIS ALSO