Хуманост со лицето на една жена во Босна и Херцеговина

Напишано од: доц. д-р Жилка Спахиќ-Шиљак (текст напишан за: РЕКОМ www.recom.link)


"И жените се луѓе", феминистките постојано повторуваа, надевајќи се дека нема да има потреба да се спомне во овој  21 век. Но,само  што помисливме  дека веќе не ќе мора да се зборува за тоа никогаш,   мораше да се донесе уште еден меѓународен документ  со цел да се направи дополнителен притисок врз меѓународните и националните правни субјекти за да се обезбеди еднакво учество на жените во сите области на животот. Така се донесе  Резолуцијата на ОН # 1325 за жените, мирот и безбедноста (2000)  - како начин за поддршка на меѓународна правна рамка за заштита на човековите права на жените.


Повеќе од шест децении поминаа од донесувањето на Универзалната декларација за основните човекови права и слободи (1948), која за прв пат, даде гаранции за еднакви човекови права за сите луѓе - не само за мажите, како познатиот американски Список на правата (1776) и на француската Декларација за човекови и граѓански права (1789). Елинор Рузвелт се избори  во Универзалната декларација да се користи  родово чувствителен јазик наместо само  традиционални машки норми. Набргу, голем број меѓународни и европски документи за човекови права беа донесени, вклучувајќи ја конвенцијата на CEDAW, која се сметаше за  најдетален инструмент за заштита на правата на жените, бидејќи беа вклучени граѓански, политички, економски, социјални и културни права, со цел тие да бидат правно обврзувачки. Не се задоволија со ова, па  државите беа предупредени одново и одново за да се придржуваат кон обврските што ги преземаат.


Намерата беше да се користи Резолуцијата 1325 да има понатамошни напори за спречување на конфликт  и обезбедување на активно учество на жените во процесите за градење на мирот.  Во војни, жените и децата страдаат најмногу, а женското тело често се користи како бојно поле каде спротивставени национални интереси се судираат. Силувањето како резултат на тоа  се користи како моќно средство за олицетворение на таквите политики - како начин да се окупира женското тело (територија) на една нација или етничка група, и да се користи за да се одгледуваат војници за друга(нација или етничка група) – на што сите бевме сведоци на Балканот за време на кампањата на масовните силувања, особено во Босна и Херцеговина.


Резолуцијата 1325 ја нагласи, уште еднаш, огромната важност на жените како господари на сопствената судбина и активни учесници во креирањето на политиките во нивните заедници и држави. Но, само мал процент на жени од моќни позиции , тие немаат ниту можност да преговараат за мир или да создадат конфликт.
Бевме сведоци на ова,исто на Балканот за време на војните во деведесеттите години, кога жените , за жал,беа, не само предемет на етно-национална политика, но често и нивните предлагачи; бидејќи жените немаат предиспозиции за мировен процес, и покрај нивните општествени улоги, кои ги прават посклони да комуницираат и да ги решаваат конфликтите по мирен пат.


Моето искуство во Босна и Херцеговина во текот на изминатите 25 години може да го потврди фактот дека жените од различни етнички, верски и не-религиозни идентитети навистина беа ангажирани во напорите за градење мир во нивните заедници, за време и по војната. Како што тврди Јохан Галтунг, голем автор на бројни мировни студии, градење на мирот започнува во моментот кога почнува и самиот конфликт, а жените во БиХ навистина се грижеа за градење мир ,и истовремено, презентираа  човечко лице во најтешките моменти на нивните животи - без дури и да бидат свесни за она што тие го прават, бидејќи, со нивни зборови, тие само го правеа она што беше барано од нивната совест, или уште подобро, да дејствуваат согласно со сопствената хуманост. Набргу сфатија дека треба  да ги артикулираат нивните постапки како мировен активизам. И покрај  тоа што голем број на жени се вклучија во напорите за градење мир во рамките на (а често и надвор од) нивните заедници,  тие се уште немаат место во  преговарачките одбори каде што се донесуваат важни одлуки за мир, и се креираат  стратегии за спроведување на мирот . Тие не беа инволвирани во потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, ниту пак беа поканети да бидат дел од многу други значајни мировни разговори, и никој не обрнува внимание на ова. Јас лично верувам дека поголемиот дел од политичките лидери во БиХ никогаш не ни слушнале за Резолуцијата 1325.


Моите истражувања 2011-2013 во врска со жените и градење на мирот покажа дека, и покрај фактот дека жените се ангажирани во градење на мирот  повеќе од две децении, нивните напори претежно останаа невидливи, и сеуште не се соодветно вреднувани од општеството. Самите жени немаат време за да ја промовираат нивната работа, бидејќи  повеќето од нив се преокупирани да добиваат кредит за се што направиле,дури по пензионирањето. Нивните приказни ја покажуваат јачината на хуманоста, способна за надминување на сите наметнати поделби, омраза и страв ,без разлика дали се работи за нивните соседи или пријатели со кои тие живееле во мир  пред војната. Жени-градители на мир од БиХ се јунаци, но тие не се светци. Како обични жени со необични искуства за градење мир и силата на нивниот дух и нивната хуманост, тие ни покажаа дека промената е навистина можна ако се осмелуваме да  направиме чекор напред и да ги надминеме нашите стравови, кои ги парализираат луѓето и ги оневозможуваат при реагирање против насилство и неправда,како што прават одговорни луѓе.


Приказните на жените од БиХ, исто така, покажуваат дека тие почнаа да работат на имплементација на Резолуцијата 1325, долго пред нејзиното донесување во 2000 година. Тие само ја прифатија резолуцијата со отворени раце, и продолжија да ја користат како уште еден инстурмент  кој може да се користи и во промовирањето на човековите права на жените и градење на мирот. Нивната работа опфаќа широк спектар на активности во локалните заедници, но исто така вклучува усогласени и координирани напори за усвојување на закони и политики потребни за имплементација на Резолуцијата 1325. Она што е особено фасцинантно во нивната работа е нивната цврста увереност дека тие прават добри дела, и дека  треба да издржат и продолжат во потрага по решение, и покрај сите препреки со кои се соочуваат. И навистина постојат многу пречки. Јас би сакал да ги истакнам само најважните од нив: а) патријархалната култура врз основа на родова хиерархија; б)  економската зависност на жените и сиромаштија; в) недостигот од институционална поддршка и доминацијата на етнонационализмот; г) страв од губење на постигнати позиции; и д) погрешно разбирање на концептот на градење на мирот.


Патријархална култура и родова хиерархија


Повеќето жени активисти за мир со кои имав интервју ,дадоа одлични примери во нивните приказни за ангажирање на жените во локалните заедници, што во некои случаи изгледаше како есенцијализација на (женското)градење на мирот. Тие потврдија дека се работеше за , всушност, жените кои  носеле огромен товар на војната и повоената реконструкција на рамената. Мажите се враќаа од војната преокупирани со траумите што ги доживеале, додека жените, како да немаат трауми, правеа се што можат за да им помогнат на семејствата и да го вратат живото во нормала. Данка Зелиќ од Босанско Грахово зборува за тоа кога кажува за српските повратници во тој дел на Босна и Херцеговина на кои им помогна по војната, и како последица  таа беше подложена на голем притисок од страна на нејзината сопствена хрватска заедница. Жените од овие  села ќе зборуваа со неа за се и сешто, но кога станува збор за донесување на одлуки - на пример, за тоа дали да присуствуваат на некои семинари или да му помогнат на некого - тие ќе се јавеа на нивните сопрузи, татковци или дедовци и ќе оставаа се на нив. Како што потврдува Данка, жените се грижеа за цела логистика и комуникација, тие ја направија целата работа, но мажите ги донеса сите одлуки. Преку нејзините напори, таа,иако не во целост, успеа некако да ги убеди  жените дека тоа е важно за нив да можат да донесат одлуки, а не само во рамките на нивните семејства, туку и на целата заедница. Но, како што вели самата, има уште многу да се направи за да има целосна еднаквост. Таа одбива да се откаже, меѓутоа, бидејќи за неа и за другите жени активисти за мир, не постои алтернатива за мир.


Економската зависност и сиромаштија


Се очекуваше дека повеќето луѓе на Балканот ќе бидат  под влијание на повоената сиромаштија. Ова, очекувано, најмногу делуваше врз жените , бидејќи  тие обично наследуваат само мал дел од имотот на нивните семејства, особено во руралните области, а со тоа никогаш не добиваат  можност да донесуваат одлуки или самостојно да се вклучат во бизнис потфати. Овој впечаток можеше да се слушне од искуствата на женски мировни активисти кои работеа во областа на повоените повратници и програми за реконструкција , обидувајќи се да ја користитат  Резолуцијата 1325 за да се покаже колку беше важно за жените да се вклучени во овие програми, и на нив, а не на мажите, да им се даде ваква помош. Сепак, тие се соочуваат со законски пречки , бидејќи, во повеќето случаи, имотот беше регистриран на името на нивните сопрузи или дедовци. Еден таков пример може да се најде во приказната на Голубовиќ Нада од Бања Лука, која беше дел од градењето на мирот  обидувајќи се  да ги поврзе селата по етнички граници во западна БиХ. Мажите таму се осврнаа на фактот дека нивните сопруги беа оние кои добиваа крави и друга помош за обнова на нивните фарми. Но потоа некој дедо им објасни на младите мажи дека не треба да замерат затоа што земјата и шталите припаѓаа на нив, и дека жените биле нивни исто така, и дека стоката автоматски им припаѓа на нив, и покрај овие невладини организации кои ги регистрирале кравите на нивните сопруги. Во оваа анегдота, може да се види фактичката состојба на теренот, кои, благодарение на економската зависност на жените, ги спречува да прават значителен напредок.


Но, преку програмите за економско јакнење, женски мировни активисти продолжија да ги мотивираат жените да се вклучат повеќе и да стојат на цврсти нозе, за постигнување на економска независност и дополнително образование, така што тие ќе бидат спремни за подобри позиции, не само за себе, туку и за други жени. Тие веруваат дека економската независност е клучот за постигнување еднаквост во рамките на нивните семејства и општества, и да придонесат кон остварувањето на оваа цел.


Недостигот од институционална поддршка и доминацијата на етнонационализмот


Со цел да се имплементира било какви меѓународни норми кои се занимаваат со човековите права, или такви државни закони, треба институционална поддршка, која вклучува соодветен план и финансирање за овие норми да се остварат. Сите балкански држави ја одобриле Конвенцијата и Резолуцијата 1325, и имаат закони за да го регулираат прашањето на родовата еднаквост, но нивното спроведување е слабо. Жените сеуште се недоволно застапени во позиции на донесување одлуки; па дури и кога тие ќе добијат таква можност, тоа е, во голема мера, преку политичките партии кои ја базираат  нивната работа на етнонационалистички програми. Кога жените имаат позиции за донесување одлуки , тие повеќе   се грижат за интересите на своите политички партии отколку интересите на жените воопшто, па дури и кога тие  се залагаат за други жени, го прават тоа само делумно, а најмногу во име на жените од своите етнички или национални групи. Етнонационално одделување е присутно во сите области на животот, и поради тоа, имаме застапување (на учеството на жените во градењето на мирот и присилните мерки) во замена за спроведување (на Резолуцијата 1325), но тоа не е ограничено од страна на услови наметнати од владејачките етнонационалистички идеологии.


Радмила Жигиќ, активист за мир од Бијељина, има напишано за ова во текот на новинарската кариера, и се борела многу,  за да се третира,  трговијата со луѓе, сексуална експлоатација на жените и семејното насилство, како еден поширок проблем кој ги засега сите во општеството, наместо само една етничка група. Таа се соочува со сите видови на опозиција во нејзината работа, но исто така со недостаток на разбирање од другите жени, кои подлегнале на притисоците на етнонационалистички идеологии. Ова ја доведе да  заклучи,дури малку разочарано, дека таа фаза на јавниот дискурс во БиХ не е само граѓанска во својата ориентација, туку етничка и националистичка, и дека се додека продолжи вака,  ќе биде многу тешко да се имплементира Резолуцијата 1325. Се разбира, таа самата, како и сите други жени, градители на мир, никогаш не се откажале, и продолжува да гради мали острови на дијалог и помирување, за која таа се надева дека еден ден ќе доведе до создавање на сосема мирна и средена држава, каде што една етничка припадност нема да е важна колку и една хуманост и подготвеност да се работи за општо добро.


Страв од губење на постигната позиција


Друга причина зошто Резолуцијата 1325 допрва треба се спроведе  15 години по неговото донесување, е стравот на жените од губење на позициите. Дури и во патријархалните општества, некои жени успеваат да  градат кариера и да постигнат одредени политички ставови, но тоа не значи дека поголемиот дел од жените имаат можност рамноправно да се натпреваруваат со мажите за позиции со донесување одлуки  во која било политика или бизнис, или да бидат избрани само за нивното знаење и искуство . Оние жени кои веќе имаат моќни позиции,  често се плашат да не ги изгубат позициите и не сакаат да се зборува за некои работи  кои би можеле да доведат до вистинска промена. Тие обично ќе ги бранат своите дела, тврдејќи дека сето тоа се стекнува преку напорна работа, која може да биде вистина во мал број на случаи, но, повторно, од страв од губење на сето тоа, тие нема да прават ништо за да им овозможат на другите жени да учествуваат подеднакво во донесувањето на одлуки. Тоа е токму она Сабина Хусиќ, градител на мир од Зеница, која ја сретнале додека се обидувала да собере поддршка од жените во власта, со надеж да се олеснат одредени иницијативи за дефинирање на статусот на жените кои преживеале силување и семејно насилство. Таа се соочи со ѕид од молчење и пасивност, што таа мисли дека е последица на стравовите на жените од губење на сè  што  постигнале ако се осмелуваат  да постават прашања надвор од рамките на интересите на етнонационалната група на власт.Само присуството на жените во позиции на моќ  не значи многу,  ако овие жени не се родово чувствителни и свесни, и жените кои немаат  родова свест,изгледаат како "почесни" мажи во позиции на моќ. Меѓутоа, таквата состојба на работите ја нема обесхрабрено  Сабиха и други жени-мировни активисти од инсистирањето на прашањето на заштита на жртвите на силување, а тоа е благодарение на нивната огромна упорност, да се потпише  првиот протокол за заштита на сведоци, како и статусот на жртвите на силување и насилство законски да биде регулирана во некои делови од БиХ. Нивната борба продолжува, и подигање на родовата свест и сензибилизирање на жените во политиката е дел од таа борба.


Погрешно толкување на концептот на градење на мирот


Амра Панџо, активист за мир од Сараево, имаше интересна заблешка за недоразбирањата на целиот концепт на градење на мирот. Кога некој се обидува да објасни дека е  вклучен во мир- активизам, тоа обично звучи како апстрактна изјава. Нејзината мајка и го кажувала ова, по сите години на нејзиното учество во активизам за мир, таа сеуште не може да каже со сигурност што беше тоа што таа направи за да живее. Ова не е нешто ново,  такви искуства веќе долго време се слушaat од страна на активисти за мир во светот, како што се Џон-Пол Ледерах(добро познат научник и активист за мир). Тој вели дека  често морал да одговори детално на прашања во врска со она што го прави, како што луѓето во целина сеуште не го гледаат  активизмот за мир како вистинска работа, но како дел од секојдневната комуникација и лично или групно  решавање на конфликтот.
Причината зад ова е недоволна свест и разбирање на концептот на градење на мирот , што навистина треба да биде признаен и ценет повеќе исто како и секој друг вид на работа,  бидејќи бара вештина, убедување и посветеност на јавноста.


Жени-градители на од БиХ покажаа како изгледа хуманост со лик на жена. Тоа изгледа како  хуманост на некој без трошка срам  да чукне сто пати на само една врата со цел да собере поддршка за сите жени и деца кои се жртви на војната и насилството, како и за усвојување на сите неопходни закони и политики што ќе им овозможи да уживаат во нивните основни права и слободи - не само за жените, туку и за сите други маргинализирани групи во општеството. Нивната хуманост е искапена во силна емпатија, етика и чувство за правда, и ги тера да се борат напорно и да застанат во одбрана на правата на жените, и да се спротивстават на сите форми на дискриминација и исклучување. Ние треба да продолжиме и константно да повторуваме дека и жените се луѓе, затоа што е јасно дека многу луѓе сеуште не ја разбираат и не ја прифаќаат оваа порака, ниту пак се трудат.

Авторот е доктор на науки, доцент, во моментов истражувач на Универзитетот Стенфорд; Исто така, во програмата ‘ Женски директори ', Фондација TPO, Сараево
Можете да најдете повеќе за оваа тема во книгата на Жилка Спахиќ-Шиљак :
Сјае Хуманоста-животни приказни на жени-градители на мирот во Босна и Херцеговина (Фондација TPO, Сараево, 2013; Кембриџ Научно Издавачка дејност, 2014)

FILTER

READ THIS ALSO