УДИК-ИЦМП:МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ИСЧЕЗНАТИТЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ ВО САРАЈЕВО

Здружението за социјално истражување и комуникации (УДИК),во соработка со Меѓународна Комисија за Исчезнати Лица (МКИЛ)и мрежата за градење мир,организираа комеморација на Меѓународниот ден на исчезнатите на 30 Август пред споменикот за деца од Сараево, убиени за време на опсадата.

По тој повод, беа прикажани,”живи скулптури”, кои се состоеле од постројки дизајнирани од семејствата на исчезнатите со цел да ги претставуваат своите најблиски и да ги вклучуваат и граѓаните во дијалог и да се нагласи важноста за проблемот со исчезнатите.За време на комеморацијата, уште еднаш беше наведено дека семејствата на исчезнатите имаат право да ја знаат вистината за судбината на нивните најблиски и општеството има законска и морална обврска да им помогне во нивната потрага.

Лицата кои присуствуваа на настанот беа поканети да потпишат петиција повикувајќи ги властите да продолжат во напорите за лоцирање и идентификување на лицата кои уште се водат како исчезнати.”За нас, застрашувачки е што,ние, како претставници на граѓанското општество,и после 20 години уште зборуваме за големата бројка на исчезнати во Босна и Херцеговина и во регионот на поранешна Југославија.Затоа, овој собир и ваков тип на комеморација, има цел да ја притиска државата што е можно повеќе за подетална и побрза потрага по исчезнатите во Босна и Херцеговина”, изјави координаторот на УДИК,Едвин Канка Чудич.Вкупната бројка на исчезнати лица во Босна и Херцеговина изнесува 34,965.

Потрагата по 7,000 лица сеуште продолжува.Затоа, сите исчезнати се во нашите сеќавања и им даваме целосна поддршка на семејствата кои сеуште не се во можност да ја реализираат нивното основно хуманитарно право-откривање на вистината за судбината на нивните сакани.Потстетување дека Обединетите Нации, на инијатива на латиноамериканските здруженија за собирање на семејставата на исчезнатите и на тие присилно исчезнати лица, го назначи Август 30ти Меѓународен ден на Исчезнати.

Овој е многу клучен ден на годината за уште еднаш да се потсетиме на решавање на случаите со исчезнатите лица, но и да се подигне свеста на јавноста во однос на било каква информација за некој исчезнат човек.

FILTER

READ THIS ALSO