Жртви на војната стануваат невидливи во време на мир

Извор: http://www.balkandiskurs.com/
 

Младен Лакиќ
"Јас не чувствувам  било каква поддршка или емпатија и никогаш не слушнав некој да каже “Жал ми е ". Не! Слушнав многу луѓе кои кажуваа: "Таа го доби она што го бараше." Тоа боли. "
 

"Да останев таму, во Босна, јас не би имал  нормален живот", вели МР, жена- жртва на силување за време на војната. Кога заврши војната, таа ја напушти Босна и Херцеговина (БиХ). Нејзиниот сопруг  знаеше низ што помина таа, но таа не се осмелува да му каже на нејзиното дете. "Јас никогаш не би можела да го направам тоа. Дури и уште два животи да имам  ",таа продолжува, барајќи од нас да не се открие нејзиниот идентитет.
 

"Денес, јас работам и имам живот кој може да се каже дека е стабилен, но јас не сум истата личност. Тоа остава трауми и нема лекар или лекови кои можат да го поправат ", вели МР.
 

"Јас секогаш велам: Добив уште една шанса. Да останев таму [во БиХ] ... кој знае ", изјави таа со тешко срце. "Знаете, луѓето  дознаваат за овие работи во помалите заедници. Тие ве  гледаат  како да сте ... како да е тоа моја грешка,мој грев,како да сум сакала јас ", изјави таа.
 

"Јас не се срамам од себе. Знам дека успеав во животот, но кога ќе се вратам таму [во БиХ] сето тоа се враќа ... Тоа е причината зошто јас не сакам да се вратам, овде имам сè, имам ново  “јас", продолжува таа во интервјуто за Балкан Diskurs.
 

Таа не сака да се открие нејзината религија затоа што таа смета дека многу жени, без оглед на нивната религија, го имаат искусено истото. "Злото ме избра поради тоа [религијата], но ние не гледаме разлика", рече таа.
 

Според податоците на Обединетите нации во БиХ биле силувани околу 50.000 жени, девојки, мажи и момчиња за време на војната од 1992-1995 година. Денес, 21 години по војната, жртвите се 'уште бараат правда и разбирање. Многу од нив не зборуваат за тоа, затоа што се плашат за својата безбедноста  и безбедноста на своите семејства и тие не сакаат да им биде судено од страна на општеството. Многу од нив не им кажуваат ниту на своите сакани.
 

НН1, еден испитаник од Брчко, вели: "Јас не чувствувам  било каква поддршка или емпатија или да слушнам некој да вели," Жал ми е ". Не! Слушнав многу луѓе да кажат: "Таа го доби она што го бараше." Тоа боли ", изрази НН1. Ова е само еден пример за мислењата на соседите, пријатели, членови на семејството и општеството за жртвите на овие злосторства. Повеќе детали се достапни во студијата спроведена од страна на Фондот на популации на Обединетите нации во БиХ.

Повлекување од општество
Сабина Хусиќ, директор на невладината организација Медика Зеница има поминато 24 години со активна помош на жртвите на силување и други форми на насилство. "Етикетирање на  жртвите на силување ги тера да се повлечат во себе и во таква тишина  тие не ги бараат своите права. Многу малку од нив имаат храброст да се вклучат во правните процеси и во осигурување на правдата ", вели Хусиќ. Според неа, многу луѓе ќе ви кажат дека тие не знаат некој кој е жртва на ваков вид на криминал, сепак, кога ќе се пресметат бројките, јасно е дека тоа е невозможно.
 
Хусиќ предупредува на дискриминација која се појавува во текот на процесот на стекнување со официјален статус на "цивилни жртви на војната". Таа понатаму објаснува: "Со новите измени на Законот за социјална заштита, оваа област е прилично добро уредена во Федерацијата на Босна и Херцеговина, со многу помош од граѓанското општество и меѓународните организации. Меѓутоа, во Република Српска жртвите немаат такви права, бидејќи законскиот рок за регистрација  истече во 2007 година".
 

Народниот правобранител за човекови права на БиХ, Јасминка Џумхур, вели дека најболниот удар за жртвите е не-добивањето на тој статус. "Законот за заштита на жртвите од тортура, што претставува јасно дефинирани категории во оваа област, се чини дека е најдобро решение и неговото донесување во голема мера ќе ја подобри оваа неправда".
 

Џумхур забележува дека давањето на жртвите признат статус е многу важно, бидејќи многу од нив имаат потреба од медицинска помош и слични бенефиции. Сепак, дури и жртвите кои имаат признат статус имаат проблеми во рамките на институциите кои треба да им помогнат.
 

НН3, еден испитаник од извештајот на УНФПА, вели: "Јас ја поднесов мојата здравствена картичка до рецепцијата, во 6:30 часот наутро, но морав да чекам до 2:30 часот напладне . Го прашав докторот, "Како е можно  некој кој се појавува толку рано да чека толку долго?" Мојата здравствена картичка јасно вели: "Жената е  жртва на војната". Лекарот ја прашува: "Како може да сте жртва на војната?", А потоа следат навреди ... Тој ми кажува дека ако јас навистина не го сакав тоа,не би се случило тоа со мене. Тој ја фрла мојата картичка на подот како да сум куче. "

Обвинетиот нема пари
Сите наши испитаниците се согласуваат дека државата е должна да обезбеди целосни права за жртвите на сексуалното насилство за време на војната. " Јазовите кои постојат не се во согласност со меѓународното право и разни конвенции, но и државата, мора да обезбеди механизам за да се спречат овие лоши практики " нагласува Џумхур.
 

Таа потсети дека Судот на БиХ издаде три пресуди за кривично дело на силување, за кои обвинетиот немал пари да плати отштета на жртвата. "Во таков случај, државата се смета за одговорна и мора да се осигура дека плаќањата ќе бидат извршени. Од друга страна, жртвата има право да се вклучи во понатамошните судски постапки, но затоа ќе го изгуби статусот на заштитен сведок и тоа може да биде многу опасно ", објаснува Џумхур.
 

Невладината организација ТРИАЛ  организира експертска работна група, која има за цел да се подготват измени за пакетот на закони за граѓански судски постапки и процедури за спроведување на законот. Амандманите имаат за цел да овозможат промоција на овие судски постапки, без потреба да се укинат или изменат  мерките за заштита на идентитетот на сведоците. Овие измени ќе бидат испратени до Собранието во блиска иднина.
 

"Дури и кога  зборувате во судот, адвокатите ве гледаат како помалку вредна жена", вели НН1 (извештај УНФПА).
 

Хусиќ предупредува на дискриминацијата која се појавува во текот на процесот на стекнување со официјален статус на "цивилни жртви на војната". Таа понатаму објаснува: "Со новите измени на Законот за социјална заштита, оваа област е прилично добро уредена во Федерацијата на Босна и Херцеговина , со многу помош од граѓанското општество и меѓународните организации. Меѓутоа, во Република Српска жртвите немаат такви права, бидејќи законскиот рок за регистрација истече во 2007 година "

 Народниот правобранител за човекови права на БиХ, Јасминка Џумхур, вели дека најболниот удар за жртвите е не-добивањето на тој статус. "Законот за заштита на жртвите од тортура, што претставува јасно дефинирани категории во оваа област, се чини дека е најдобро решение и неговото донесување во голема мера ќе ја подобри оваа неправда".
 

Џумхур забележува дека давањето на жртвите признат статус е многу важно, бидејќи многу од нив имаат потреба од медицинска помош и слични бенефиции. Сепак, дури и жртвите кои имаат признат статус имаат проблеми во рамките на институциите кои треба да им помогнат.
 

НН3, еден испитаник од извештајот на УНФПА, вели: "Јас ја поднесов мојата здравствена картичка до рецепцијата, во 6:30 часот наутро, но морав да чекам до 2:30 часот напладне . Го прашав докторот, "Како е можно  некој кој се појавува толку рано да чека толку долго?" Мојата здравствена картичка јасно вели: "Жената е  жртва на војната". Лекарот ја прашува: "Како може да сте жртва на војната?", А потоа следат навреди ... Тој ми кажува дека ако јас навистина не го сакав тоа,не би се случило тоа со мене. Тој ја фрла мојата картичка на подот како да сум куче. "

Обвинетиот нема пари
Сите наши испитаниците се согласуваат дека државата е должна да обезбеди целосни права за жртвите на сексуалното насилство за време на војната. " Јазовите кои постојат не се во согласност со меѓународното право и разни конвенции, но и државата, мора да обезбеди механизам за да се спречат овие лоши практики " нагласува Џумхур.
 

Таа потсети дека Судот на БиХ издаде три пресуди за кривично дело на силување, за кои обвинетиот немал пари да плати отштета на жртвата. "Во таков случај, државата се смета за одговорна и мора да се осигура дека плаќањата ќе бидат извршени. Од друга страна, жртвата има право да се вклучи во понатамошните судски постапки, но затоа ќе го изгуби статусот на заштитен сведок и тоа може да биде многу опасно ", објаснува Џумхур.
 

Невладината организација ТРИАЛ  организира експертска работна група, која има за цел да се подготват измени за пакетот на закони за граѓански судски постапки и процедури за спроведување на законот. Амандманите имаат за цел да овозможат промоција на овие судски постапки, без потреба да се укинат или изменат  мерките за заштита на идентитетот на сведоците. Овие измени ќе бидат испратени до Собранието во блиска иднина.
 

"Дури и кога  зборувате во судот, адвокатите ве гледаат како помалку вредна жена", вели НН1 (извештај УНФПА).

Жртвите  сексуално насилство од војната се соочуваат со недостиг на поддршка од нивните заедници и институциите кои треба да им  обезбедаат медицински, психолошки и други форми на помош. (Фото:Мирко Пинчели)

Џумхур продолжува да  објасни дека многу добри работи се направени со цел да продолжи овој сегмент да функционира. "Нови членови се ангажирани во обвинителствата и судовите за да се обезбеди поддршка на сведоците, се направени инвестиции од меѓународните донатори да помогнат за подобрување на просториите каде што жртвите  даваат сведоштва, вработени се психолози ... Овие с еподобрувања" Џумхур не потсетува , но истакнува  дека се уште има простор за понатамошни подобрувања.
 

 Понатаму Хусиќ вели дека жртвите често се користат како средство за манипулација од политички причини, објаснувајќи дека ова е една од причините зошто таа соработува со Здружението на жени од Бања Лука.
 

"Преку оваа соработка, ќе покажеме дека жртвата нема националност и ова е важно, сега и во иднина."
Џумхур заклучува  дека нашите болни искуства не само што можат да послужат како пример за другите, но, исто така и за нас,за коригирање на она што не е во ред, така што жртвите можат да добијат правда.

FILTER

READ THIS ALSO