Обука за обучувачи за имплементација на новото издание на педагошката алтака за културата на сеќавање „Сеќавање во движење“

Во рамките на проектот „Сеќавање во движење“ и истоимената нова педагошка алатка за културата на сеќавање и улогата на спомениците,forumZFD (Форум Цивилен Мировен Сервис) во Босна и Херцеговина и forumZFD (Форум Цивилен Мировен Сервис) во Македонија, во соработка со Здружението на наставници и професори по историја на Босна и Херцеговина (EUROCLIO HIP БиХ), организира вовед во алатката „Сеќавање во движење“ и обука за идни обучувачи/тренери и менаџери/лидери на работилници со млади луѓе на тема спомени за културата.
 
Новиот педагошки и дидактички материјал „Сеќавање во движење“ е резултат на заедничката работа на тим од професори, наставници, директори и историчари. По серијата успешни обуки во Босна и Херцеговина истите продолжуваат и во земјите од Западен Балкан. На обуката која ќе се одржи во Скопје во сабота на 19-ти и во недела на 20-ти ноември 2106 г. се покануваат наставници од средни училишта и професори на универзитети, наставници/воспитувачи од областа на неформалното образование и претставници на граѓански организации од Македонија.
 
Краен рок за поднесување на пријавата за учество е во петок на 28-ти октомври 2016 година. Обуката ќе се одржи на македонски јазик (ако има потреба и на албански јазик). Веднаш по завршувањето на обуката, учесниците ќе добијат сертификат за учество и новото издание на педагошката алатка на културата на сеќавање „Сеќавање во движење“ на македонски и на албански јазик. Учеството на обука е бесплатно. На сите учесници на обуката ќе им бидат покриени трошоците за храна, а за оние кои доаѓаат од други градови од Македонија, организаторот ќе им ги покрие трошоците за сместување (ако е потребно). Патните трошоци на учесниците можат да им бидат вратени само со доставени билети за јавен превоз (автобус или воз).
 
Во прилог следи формуларот за пријавување на обуката.
https://drive.google.com/file/d/0B5...

FILTER

READ THIS ALSO