Нови Сад ќе подигне споменик во чест на партизанските жртв

Објавено на порталот: balkaninsight.com

Миливоје Пантовиќ, БИРН, Белград

Фото. Историски архив; Партизани маршираат кон Нови Сад во 1944 година

Нови Сад ќе им подигне споменик на жртвите, кои на крајот од Втората светска војна, биле убиени од страна на партизаните.

Собраниската комисија за култура на Нови Сад, во вторникот усвои одлука за изградба на споменик посветен на невините жртви убиени од страна на комунистичките сили во 1944 и 1945 година, по ослободувањето од фашизмот, иако сѐ уште не се утврдени причините за нивната смрт.

Претседателот на Комисијата за култура и член на Сојузот на Унгарците од Војводина (СУВ) Ѓула Киш, кој воедно е и иницијатор за изградба на споменикот, рече дека намерата не е тој да биде политички споменик.

„Не влегуваме во тоа каде, кој и зошто настрадал. Дадовме предлог, бидејќи имаме сознанија дека биле извршени злодела, а градот на седница на собранието ќе донесе одлука да се формира стручна група, која ќе даде свој предлог“, рече Киш за Радио 021.

Историчарите допрва треба да расветлат што се случило по ослободувањето на Нови Сад, во 1944 година, со оглед дека во местото Рајини шуми, во близина на градот, се пронајдени необележани гробови.

Постојат шпекулации дека во овие гробница се наоѓаат останки на луѓе кои му се спротивставиле на новиот комунистички режим и кои биле убиени од страна на партизаните.

Сепак, постојат историски податоци кои укажуваат дека биле егзекутирани и бројни соработници на нацистичкиот окупатор.

По барање на Српското движење за обнова во 2015 година, Градското собрание усвои декларација со која се осудуваат злосторствата извршени во Рајини шуми.

Но, опозицијата во градското собрание смета дека прво историчарите треба да утврдат кој пукал во шумата и зошто.

Натписот на новиот споменик ќе биде испишан на сите официјално признати јазици во Нови Сад - српски, германски, унгарски, словачки и русински.

FILTER

READ THIS ALSO