Правда за злосторствата и за економскиот криминал: може ли ЕУ да ја испорача?

Source: recom.link

Со делумен исклучок во однос на Холокаустот, европските држави сторија малку во справувањето со нивните сопствени наследства на злоупотреби наследени од војната и од репресивното владеење во Европа и во бившите колонии.

Iavor RangelovMarika Theros и Nataša Kandić
 
На јунскиот самит, кој ќе се одржи по референдумот во Велика Британија, Високата Претставничка на Унијата за Надворешна и Безбедносна Политика, Фредерика Могерини, ќе ги презентира резултатите од нејзиниот Глобален преглед на екстерната стратегија. Како дел на процесот на ревизија, Студиската група за хумана безбедност при Лондонската школа на економија, предводена од Мери Калдор и Хавиер Солана, презентираше извештај насловенОд хибриден мир до хумана безбедност: Повторно обмислување на Стратегијата на ЕУ кон конфликтите заедно со дванаесет бекграунд истражувачки текстови.

Конфликтите се централната точка на современите кризиБегалците, екстремистичките идеологии, криминалот и грабежот – сите тие се продуцираат во текот на конфликтот. Современите конфликти се, честопати, познати какохибридни војни’ или нови војни, во кои се кршат класичните дистинкции помеѓу јавното и приватното, владиното/редовното и бунтовничкото/нерегуларното и внатрешното и надворешнотоТие најдобро се разбираат не како легитимен натпревар на волји (идејата за војната од дваесеттиот век), туку како дегенерирана општествена состојба во која вооружените групи ги мобилизираат секташките и фундаменталистичките сентименти и конструираат предаторска економија преку која се збогатуваат. Откривањето на начини за справување со насилниот конфликт би можело да отвори стратегии за справување со пошироки прашања.

Во рамките на овој специјален серијал на openDemocracy, Студиската група за хумана безбедност ги изложува клучните заклучоци од својот извештај во нашиот воведен есеј заедно со уште шест есеи, засновани на некои од базичните истражувачки текстовиОвие есеи ги вклучуваат следнитеанализа на концепциските премиси на Глобалниот преглед (Sabine Selchow); три есеи за одделни конфликтни зони – Сирија (Rim Turkmani), Украина(Tymofiy Mylovanov) и Африканскиот Рог (Alex de Waal); значењето на инструментите на правдата на ЕУ (Iavor Rangelov); и за фокусот на информатичката безбедност на ЕУ врз човековите права повеќе одошто врз државите(Genevieve Schmeder и Emmanuel Darmois). 

Постои сосема мал број прашања коишто можат да поттикнат граѓанска акција и активизам во областите погодени од конфликт како што е тоа случај со правдата за злосторствата и за економскиот криминал. Ова големо барање за правда зборува за криминализираниот карактер и на насилството и на воената економија во денешните конфликти. Најголемиот број луѓе на теренот го искусуваат конфликтот додека на дневна основа се среќаваат со различните форми на злоупотреба и грабеж кои ги прават нивните животи крајно небезбедни.

Запирањето на таквите злоупотреби е првиот приоритет. Но, додека меѓународните актери се фокусираат на мировните преговори „од горе кон доле“, групите на локалното цивилно општество настојуваат да го нагласат прашањето на одговорноста на сторителите и обезбедувањето надоместок за жртвите. Тие ја нагласуваат правдата, бидејќи се свесни дека спектарот на насилство и криминалитет – во смисла на повреди на човековите права, организиран криминал, корупција – најчесто лежи во срцето на конфликтот и опстојува дури и по завршувањето на непријателствата. И тие укажуваат дека на проблемот треба да му се пријде од двата краја: преку маргинализирање на мрежите кои ги поттикнуваат и кои профитираат од таквите злоупотреби, како и преку адресирање на неправдата која ја создаваат, а којашто дополнително ги поларизира заедниците и ги јакне редовите на екстремистите.

Во подрачјата погодени од конфликт, а во кои на некој начин е инволвирана и ЕУ, таа неретко станува централна точка за локалните застапници на правдата и на нивните барања. Овие ‘мрежи на правдата’ може да имаат различни форми на различни места: од протестните движења во Украина и Босна кои бараа отчетност за ендемската корупција, до grassroots активистите и новинарите во Авганистан и Сирија кои ги документираат и објавуваат прекршувањата на човековите права, честопати ризикувајќи ги и сопствените животи. Она што е исклучително е степенот во кој голем број од овие актери бараат ангажирање на ЕУ, гледајќи во неа свој сојузник и надевајќи се дека нејзината поддршка ќе има пресудно влијание.

Иницијативата за РЕКОМ на Балканот е типичен пример за ова. Станува збор за регионална иницијатива на цивилното општество која заговара создавање на регионална комисија на вистината со цел да ги утврди фактите поврзани со воените злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија во периодот 1991-2001 година и да го разреши проблемот на преостанатите илјадници лица кои се сѐ уште исчезнати.

Коалицијата за РЕКОМ спроведе екстензивни консултации со жртвите и здруженијата на ветераните, со НВО и верските заедници, со женските и младинските групи, уметниците, новинарите и другите групи на цивилното општество, и тоа на локално, национално и регионално ниво. Овие консултации вклучија во дијалогот голем број луѓе чија политика често се смета за непомирлива, како што се тоа групите на жртвите од различните етнички заедници. Крајниот резултат беше нацрт статут на комисијата, како и преку 500,000 потписи на граѓаните за поддршка на Иницијативата. Коалицијата дури направи одредена колекција на документација врз која идната комисија може да се потпре. Иднината на РЕКОМ, сепак, сега зависи од ЕУ. Нејзиниот опстанок зависи од тоа дали ЕУ ќе го преземе водството во олеснувањето на наредната фаза на процесот, односно на меѓувладините преговори кои се неопходни за формирање на комисијата.

РЕКОМ е само еден од начините на кои ЕУ се повикува да се ангажира во локалните битки за правда. Тој укажува на карактеристичната улога на ЕУ во денешните конфликти: јакнење на мрежите за правда и слабеење на мрежите на конфликт. Студиската група за хумана безбедност ја идентификуваше потребата од маргинализирање на мрежите на конфликтот како прашање од критичко значење, бидејќи тие актери се умешни во субверзија на политиките на ЕУ за запирање на конфликтот и за градење на мирот или во нивното киднапирање како нивна сопствена политичка и економска добивка за сметка на обичните граѓани. ЕУ има на располагање инструменти за да одговори на локалните барања во насока на адресирање на тврдокорните злоупотреби и на криминалот. Притоа, чинејќи го тоа, ЕУ може исто така да изгради алтернативен извор на легитимен политички авторитет и граѓанство за вистински реформи.

Но, дали ЕУ може да го испорача она што се очекува од неа? Нашата студија ,подготвена специјално за Стратегискиот преглед, идентификува два клучни предизвика. Едниот од нив се однесува на политиките на ЕУ во однос на правдата, а другиот на искуството на државите членки кои ги моделираат тие политики.

Клучниот проблем е во тоа што за ЕУ правдата е најчесто само прашање на принцип. Тоа се однесува на заложбите за етика и вредности во надворешната политика. Кога нормативните заложби на ЕУ се во судир со стратегиските консидерации за мирот и стабилноста, најчесто прашањето на правдата слабее и се одложува. На пример, ЕУ честопати гледа на правдата и на мирот како на конкурентни цели во мировниот процес. Склучувајќи договори со сторителите се смета за прагматична стратегија за окончување на насилството. Но, кога тешко склучените договори се користат за вградување на мрежите на конфликтот во структурите на моќта, наместо обезбедување нивна маргинализација во текот на времето, мировните договори завршуваат така што го гушат просторот за реформа или го поплочуваат патот за обновување на насилството. Ова беа некои од несаканите последици на Дејтонскиот договор во Босна и Договорот од Бон за Авганистан.

Втора причина поради која правдата е маргинализирана во надворешната политика на ЕУ се однесува на искуствата на државите членки. Со делумен исклучок кога станува збор за Холокаустот, европските држави сторија малку за справувањето со нивните сопствени наследства на злоупотреби и неправда наследени од војната или репресивното владеење во Европа и во бившите колонии. Транзициите од диктатура во демократија во Јужна и Источна Европа, до кои дојде по пат на преговори, вклучи или многу малку правда или воопшто ја немаше, како што беше случајот со шпанскиот ‘пакт на молкот’. Во големи делови на Источна Европа, ова им овозможи на бившите елити да ја претворат својата политичка моќ во економска, и така да го поплочат патот за грабеж и криминализација веднаш по револуциите од 1989. Слично, деколонизацијата не беше проследена со признание и адресирање дури и на најужасните злосторства од колонијалниот период, како на пример француските злосторства во Алжир.

Оваа комбинација на амнестија и амнезија не може да претставува модел за справување со денешните конфликти. И нејзината темна внатрешност сѐ повеќе се разоткрива во самата Европа, каде неадресираните наследства од насилството од минатото и неправдата се еден од факторите во порастот на неофашистичките, расистичките, ксенофобичните и другите екстремни движења и партии на крајната десница. Надоаѓачката ‘авторитарна носталгија’ во некои делови на Европа, исто така, се храни од историскиот ревизионизам, предизвикувајќи го демократскиот поредок и самиот Европски проект.

Нашето истражување сугерира дека ЕУ мора да ѝ даде приоритет на правдата и внатрешно и надворешно, охрабрувајќи ги државите членки да се соочат со сопственото минато и да создадат простор за мрежите на правдата и за иницијативите во Европа и надвор од неа. Еден слично калибриран пристап е неопходен за да се адресира и економскиот криминал, кој во голема мерка е транзиционен по својот карактер. Конфликтите генерираат огромни профити од нелегалната трговија со оружје, дрога, шверц, кражби и корупција, така придонесувајќи во глобалните нелегални финансиски текови кои се проценуваат дека се во висина од преку 1 трилион американски долари годишно. Перењето пари стекнати од криминални дела ја продлабочува нееднаквоста и во точката на потекло и на крајната дестинација. Тоа ја подгрева монетизацијата на политиката со создавање поттик кај политичките лидери да се поврзат со криминалните мрежи. А тоа има директен ефект и врз европските граѓани, како на пример преку претворање на финансиите и недвижностите во места како Лондон и Париз во клучни двигатели на нееднаквоста.

Всушност, на насилниот конфликт може да се гледа како на еден вид механизам на предаторска глобална редистрибуција на моќта и ресурсите. Правдата е од критичко значење за уривање на овој механизам и на отстранување на некои од неговите погубни консеквенции.

(Објавено on Open Democracy, 24 May 2016)

FILTER

READ THIS ALSO