Справување со минатото потребно за помирување на Западен Балкан

Извор: Recom.link


 Долгиот  пат кон помирувањето не може да се замисли како ненадеен пресврт, по пресудата на еден човек. Тоа повеќе треба да да биде еден заеднички напор на Европската унија и на граѓанското општество на Балканот, со цел да се поддржат активности кои не ги прават иситите  грешки од минатото, без никакви предрасуди, и да се подготви терен за заедничка соработка и во иднина.


Во режија на Кристијан Костамања, за европски Западен Балкан


 Неодамнешните пресуди на МКТЈ, а особено  ослободувањето на Воислав Шешељ, се контроверзни. Дел од јавноста во Босна и Херцеговина  мисли дека осудата на Радован Караџиќ на 40 години затвор за воени злосторства и геноцид, е премалку. Други, пак, мислат дека ова е уште еден доказ дека МКТЈ е насочена против Србите. Сепак, ослободувањето на Шешељ ги отвори вратите за широката индигнација, во секој случај, без промена на мислењето на оние кои сметаат дека Хашкиот трибунал е дел од некој вид на антисрпски заговор. Може ли овие пресуди ефикасно да влијаат врз процесот на помирување во Западен Балкан? Или треба да се претпостави дека процесот на помирување поминува низ различни начини? Можеби поновата историја може да биде појасна.
 

Денес, има проблематичен наратив вкоренет во Балканот и пошироко, дека сите страни на конфликтите, во војните во Југославија во 1990-тите, ја имаат истата одговорност. Овој начин на размислување, дека секој има право да тврди дека е жртва, е фактор за создавање забуна во врска со одговорностите по војната во 1991 година. Навистина, оваа приказна е параван зад кој  се кријат  механизмите на конфликтот. Ова, се разбира, не значи дека цивилите на секоја страна во конфликтот беа жртви, на војната, откако таа започна.
 

Парадоксот на југословенското распаѓање и војни, е дека сето тоа започна со различни барања за правда, и жалби против различните форми на дискриминација. Во текот на 1980 година, по децении на релативно либерален авторитарен режим, многу проблеми се појавија, како во животот на обичните граѓани и така и на агендата на политичарите. Невработеност, инфлација, недоверба кон политичките елити, како и општи социо-економската криза ги карактеризираат таа деценија, што во втората половина на 1980-тите донесе широко распространети штрајкови и протести. Но, паралелно со оние прашања за социјална правда, и други се шират во земјата.
 

По смртта на Јосип Броз - Тито, активностите на "дисиденти" се зголемија постојано, особено во Србија и во Словенија. Една заедничка нишка во областа на прото-опозицијата, тоа беше остра критика на официјалните обележја, реториката и историјата, како и  улогата на партизаните во текот на Втората светска војна.Режимот на Тито  одлучи да не се разговара отворено за војната, најверојатно мислејќи ако не  се зборува за раните,кои се уште  се живи во приватниот и семејниот живот на граѓаните,тие рани ќе исчезнат. Без оглед на причините, монолитната и официјална вистина  на социјалистичкиот режим даде изговор да се ревидира поновата историја, како и интелектуалци како што се Добрица Чошич во Србија, или Франјо Туѓман во Хрватска. Еден нов контра-наратив се зголеми меѓу круговите на дисидентите, со цел да се спротивстави на официјалниот мотив наречен"братство и единство" .
Во српскиот контра-наратив, одобрен од страна на многу влијателни интелектуалци, српскиот народ бил прикажан како жртва на неправда. Тоа значеше дека режимот на Тито ги предал  Србите во Југославија, поради тоа што ги стави, во непријатна и споредна  позиција. Еден од главните виновници, според српски интелектуалци, беше југословенски устав  на Кардељ од 1974 година , бидејќи тој устав им дал преголема моќ и автономија на српските провинции Војводина и Косово.
Во меѓувреме, испреплетувањето на социјалните проблеми со  или вистински дискриминации, донесе на површинат уште еднаш,решени, но се уште нерешени проблеми на народите и народности во Југославија. Првиот шок-бран дојде од Косово во 1981 година, кога локалното албанско население побара она што тие сметаат дека е нивно право: да се зголеми статусот на Косово и од провинција да станерепубликата. Се разбира тоа што тие го сакаа се смета за табу тема, бидејќи тоа беше целосно против чувството на Србите, кои мислеле дека Албанците веќе имаат преголема моќ, бидејќи Косово е составен дел на федерацијата и држава во држава.
 

Србите и Црногорците на Косово, како резултат на тоа, протестираа против дискриминацијата што ја претрпеле во нивниот секојдневен живот, заради Албанците, кои, наводно, им вршеле с притисок да ја напуштат покраината и да ги продадат своите домови. Всушност, десетици илјади Срби заминаа помеѓу 1970-тите и 1980-тите , а нивната кауза прво беше одобрена од страна на српските дисиденти- интелектуалци. Во исто време, властите во Приштина, изјавија дека во повеќето случаи мотивите кои водат Србите да ја напуштат беа во прв степен економски, бидејќи локалната економија била под влијание на неразвиеност. Иако контроверзниот термин "геноцид" на српскиот народ во Косово веќе беше усвоен од страна на врвниот лидер на Сојузот на комунистите на Србија во средината на 1980-тите години (како што на пример направи Иван Стамболиќ во текот на една од неговите посети на Косово во 1985 година ),а од 1987 година новиот млад лидер на српските комунисти, Слободан Милошевиќ, ги претвори косовските Срби во главен  приоритет на неговата политичка агенда.

 

Покрај тоа, српските интелектуалци во втората половина на 1980 година претераа со тоа дека дури и во Хрватска локалните Срби биле жртви на "културен геноцид".

Се разбира, во текот на 1980-тите години во Југославија, неа беа само Срби или Албанци кои тврдеа дека се жртви на некоја неправда. Словенците, на пример, сметаа дека тие се економски експлоатирани од страна на остатокот од федерацијата. Слично чувство беше евидентно во Хрватска, уште една "тивка република" по траумата на потиснатиот Хрватски пролет во 1971 година.
 

Значи, до крајот на 1980 година, Југославија, заедница на 6 републики и 2 провинции, обликувана во форма на квази-Конфедерална држава, погодена од длабоки економски проблеми, стана плодна почва за контроверзни тврдења на правдата. Политичките елити, длабоко вкоренети во републиканското ниво, се од  последниот федерален устав, не направија  доволно да завршат овие тврдења на правдата. Напротив, некои од оние лидери, истурија масло на огнот. Недовербата меѓу различните републики, до крајот на 1989 година, дојде до неверојатни нивоа. Медиумите станаа машини за пропаганда на омраза.
Првиот комунистички лидер, по смртта на Тито, што ја одобрил експлицитно националната кауза со речиси убделив успех, беше Слободан Милошевиќ. Неговата антибирократска револуција (1988-1989) ги собори старите шеми на моќ и длабоко ги поткопа односите меѓу југословенските народи. Уште во 1990 година, тој беше против  воведувањето на повеќепартискиот систем, бидејќи тој сметал дека Албанците во Косово ќе формираат еден вид на националната партија и ќе прогласат независност. Тој се обидел да го оживее легитимирањето на негоавата моќ преку националната еуфорија, преку националната хомогенизација. Всушност тој и неговите соработници во суштина ги одбегаваа вистинските проблеми, економската криза, невработеноста. Реториката на Милошевиќ ја стави со години, на прво место,  темата на правата на косовските Срби и позицијата на Србија во Југославија. Тој вети правда за Србите и Србија, но на крајот на неговата политика донесе омраза, страв и војна која можеше да се избегне. И, се разбира, нови, поголеми неправди.
 

Значи, политичките елити, во последните години од постоењето на Југославија, го поддржаа националистички дискурс, затоа што мислеа дека е најдобар начин да се добие нова популарна поддршка. Медиумите служеа како мегафон на таа цел. Првите епизоди на насилство во првите месеци од  1991 година, во српската населба на Хрватска, го направи останатото. Но, парадоксот е во тоа што српскиот претседател тврдел дека ги штити Србите во Југославија, бидејќи тие биле жртви на неправда. Со цел да се постигне тоа, тој е подготвен да  отпочне војна во име на српскиот народ, како што рече Милошевиќ веќе во март 1991 година.
 

Така, барем два нивоа на анализа треба да бидат земени предвид. Првото е фактот дека нерешените трауми од втората светска војна, подготви терен за деструктивни тврдења на дисиденти. Второто е дека концептот на правдата беше злоупотребен од поранешните комунисти во Србија и, како реакција, исто така и во другите републики. Потоа,божем во име на правдата, војната не може да донесе ништо повеќе од свежи, поголеми трауми, и нови потреби за правдата и вистината. Во суштина сите социо-економски проблеми беа ставени под тепих. Конечно, повеќето од политичките елити останаа долго време на власт, или се уште се.
 

Ова е  полн круг. Се започна со потреба од правда, и нејзината злоупотреба произведе повеќе кривични дела и повеќе потреба за правда, и повеќе потреба за помирување. Тоа  започна од ослободувањето на Шешељ (како и други контроверзни случаи во Хаг)и  би било наивно да се очекува дека тоа може да донесе  позитивен тренд во помирување, особено со оглед на содржината на пресудата.
 

Историјата треба да не учи дека потребата за правда може да доведе, ако лошо управувана,  уште поголема неправда. Тоа е случај со поранешна Југославија. По помалку од 20 години од крајот на последниот отворен конфликт во поранешна Југославија (Македонија, 2001), овие земји треба да се справат повеќе искрено со нивното минато, но овој процес е далеку од тоа дека ќе биде постигнат. Најважниот процес на помирување ќе биде да се признаат, во секоја заедница и држава, сопствените грешки и одговорности, и да се споделат со јавноста, во институциите, во училиштата и така натаму. Сепак, она што се уште се случува, во регионот на поранешна Југославија често е процесот на јавно негирање на сопствените грешки, одговорности и кримина и обвинување само на соседите.
 

Затоа МКТЈ не може да биде замена за таков процес на регионално помирување. Но наративите кои систематски ги негираат малверзациите на сопствената држава, и наративот кој вели дека вината треба да се дели подеднакво за сите, тешко може да се оспорат. Тоа е така затоа што тоа ќе го поткопа митот дека легитимните политичките елити што ги делат овие одговорности заради кои Југославија дојде до распаѓањето и војна, и поради тоа што истите тие политичари, или нивните епигони, се уште се во сила.
 

Долгиот  пат кон помирувањето не може да се замисли како ненадеен пресврт, по пресудата на еден човек. Тоа повеќе треба да биде еден заеднички напор на Европската унија и на граѓанското општество на Балканот, со цел да се поддржат активности кои нема да ги повторат  грешките од минатото, без никакви предрасуди, и да се подготви теренот за заедничка соработка и во иднина. Без оглед на многуте проблеми, се уште има простор за оптимизам, бидејќи политичките лидери во регионот на Западен Балкан, особено  во споредба со минатото, се одлучија за дијалог, а не за бесмислени конфронтации.


Кристијан Костамања, д-р, е хонорарен професор по современа историја на Универзитетот на Источен Пиемонт (UniversitàdegliStudidelPiemonte Orientale "Амедео Авогадро") и уредувачки писател на “Исток” весникот, портал на италијански јазик на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Северна Африка.
(Објавено на Европски Западен Балкан, 2016/11/04).

FILTER

READ THIS ALSO