Што значи пресудата на Караџиќ за Босна

Извор: Recom.link


По долг судски процес, поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, беше прогласен за виновен по една точка од обвинението за геноцид, како и бројни злосторства против човештвото во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг.Дениса Костовичова  испитува што значи пресудата за Босна, според неа иако исходот на судскиот процес е многу симболичен за жртвите на војната во Босна, земјата останува длабоко поделена.

Пресудата на Караџиќ: Развојот и значењето на ова судење за Босна
Казната изречена против лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ, означува пресвртница  во 23-годишната историја на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг (МКТЈ). Караџиќ е највисокиот функционер да биде суден и осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во војната во Босна од 1992-5, и, всушност, било каде на друго место на територијата на поранешна Југославија. Пресудата на Караџиќ значи исполнување на правдата.
11-те точки за кои е обвинет Караџиќ (од кои две се за геноцид) се доказ за ужасниот биланс на смртта и уништувањето на војната во Босна , кога силите на босанските Срби под раководство на Караџиќ беа решени да воспостават етничко- хомогена државичка од мултиетничка Босна. Оваа војна  резултираше со едно од најлошите насилства на територијата на Европа по Втората светска војна, вклучувајќи го и убиството на околу 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница  и три години долга опсада на Сараево.
 

Самиот судски процес беше од историски пропорции. Траеше 497 дена, а слушнати беа стотици сведоштва на сведоците. Десетици илјади експонати и страници на писмени докази беа презентирани и земени предвид од страна на судиите. Процесот ,според многумина експерти наликуваше на судењата во Нирнберг. Но, дваесет години по завршувањето на војната во Босна, влијанието на пресудата врз помирувањето во оваа пост-конфликтна земја ќе биде ограничено од страна на трајните последици од смртта и уништувањето за кои Караџиќ бил задолжен.
 

Што ќе промени пресудата?
Самиот факт дека Караџиќ ја слушна  пресудата е енормно значаен. Судењето на Караџиќ дојде по смртта на Слободан Милошевиќ, организатор на политиката на Голема Србија и војните на насилниот распад на Југославија, кој исто така беше обвинет за геноцид, но почина во притворот на Хашкиот трибунал во 2006 година. Со неговата смрт, Милошевиќ ја избегна правдата, оставајќи општо чувство на предавство меѓу жртвите на поранешна Југославија, вклучително и Босна.
Memorial at Srebrenica, Credit: photo rnw.org (CC-BY-SA-2.0)

Спомен во Сребреница: photo rnw.org                                                                     

Пресудата на Караџиќ, иако долго одложуван,баш затоа е од суштинско значење за жртвите и преживеаните на насилството во Босна, од кои многумина собраа храброст да се соочат со него во судот. Но, казната на висок функционер како Караџиќ не е толку прашање на создавање на правен преседан (иако таквите преседани се клучни за развојот на меѓународното право): десетици судења и пресуди за сторители насилство од понизок ранг  на во Босна и Херцеговина се веќе поминати од МКТЈ и тоа се покажа како нешто извонредно во однос на новите глобални норми на одговорност за насилството во современите конфликти.
 

Сепак, симболичното значење на пресудата е важно. Пресудата воспоставува директна врска помеѓу смртоносна реторика и смртта на Караџиќ и уништување во време на војната, токму како што жртвите го доживеаја тоа сред конфликт. Потврдата сега доаѓа како мерка за правда, и што е најважно, пред да биде премногу доцна. Оние кои беа средовечни за време на војната сега се изнемоштени стари мажи и жени, од кои многумина стравуваа дека  нема да успеат да ја видат  вистината и правдата во нивните животи, кои биле означени неизбришливо од насилството што започна со Караџиќ. Многу постари преживеани немаа таква шанса.
 

И овој момент не дојде брзо. Во почетокот на 2000-тите беше скоро неверојатно да се помисли дека некогаш ќе дојде таков момент. По неговото обвинение во 1995 година, Караџиќ ја избегнуваше правдата ефикасно, се криеше тринаесет години, само за да биде уапсен како во главниот град на Србија, Белград, бидејќи Србија се соочуваше со избор помеѓу апсење на оние бегалци повикани од страна на Хашкиот трибунал или креирање нова иднина како дел од Европската унија.
 

Меѓутоа, додека ќе се појави задоволство кога муслиманските и хрватските жртви ќе ги видат сликите кои доаѓаат од МКТЈ денес, тоа чувство ќе биде нарушено за брзо заради неизбежната политизација и оспорување на пресудата.
 

 Што нема да промени пресудата?
"Политиката на геноцид на босанските Срби била голем успех", еден преживеан од геноцидот во Сребреница, кој  изгубил 17 членови од неговото семејство, ми кажа за време на мојата неодамнешна  посета на Босна и Херцеговина. Босанските муслимани се етнички исчистени од нивните домови. Ефектот на насилство е трансгенерациски, објасни тој, потсетувајќи се на имињата на загинатите роднини. Нешто повеќе од дваесет години по војната, БиХ останува поделена земја, политички, културно и географски. Овие поделби ги има соопштено перцепциите за правда на етничките групи, а особено правдата која доаѓа од Хашкиот трибунал.
 

Во периодот до пресудата, спротивставени етнички перспективи беа изложени. Муслиманските и хрватските жртви кои го гледаат Караџиќ како организатор на војната беа во очекување на пресудата. Србите, од кои многумина сметаат дека Караџиќ е нивен национален херој, превентивно ја оспоруваа пресудата пред да биде донесена, како и легитимноста на меѓународниот суд, кој тие го гледаат како антисрпски вршител. Првичната реакција на пресудата беше токму таа очекуваната.
 

Парадоксално, ваквите реакции, исто така, укажуваат на уште едно искривено постигнување на Караџиќ и неговата политика, имено неговите успешни напори да се претстави како олицетворение на нацијата и да го колективизира прашањето за вината и одговорноста. Не е тој, но српскиот народ, кој е обвинет, тој рече на крајот од судењето. Оваа колективна логика се крие зад оспорувањето  и  пресудата на Караџиќ и на МКТЈ.
 

Спротивставени гласови на Србите во Босна кои ја осудуваат политиката на Караџиќ за време на војната  се слушале гласно и јасно. Но, како  малцински гласови тие само потврдуваат дека Трибуналот ќе има ограничен успех во индиводуализирање на кривичната вина, што е клучно ако патот за помирување може да се најде во Босна, како и во регионот на Балканот во целина.
На крајот на краиштата,  пресудата, исто така, укажува на ограничување во употребата на испитувања, како инструмент за постигнување правда во пост-конфликтни места. Пресуди како што е онаа изречена денес се клуч на отворањето на простор, иако оспорени, за соочување со криминално минато, но потрагата по правда мора да продолжи , во училиштата и заедниците, кои се должни да се справат со тешки прашања  за поправка на скршени односи и поделби.
 

Забелешка: Оваа статија ги дава ставовите на авторот а не позицијата на EUROPP - европската  политика, ниту пак на Лондонската школа за економија. Таа беше објавена на EUROPP, 24-ти март 2016
 _________________________________
За авторот
Дениса Костовичова - Лондонската школа за економија и политички науки
Дениса Kostovicova е вонреден професор по Глобална политика во Одделот за Владата и научен соработник во граѓанското општество и Единицата за истражување човековата безбедност во Одделот за меѓународен развој на Лондонската школа за економија и политички науки. Таа доби Leverhulme стипендија за истражување во 2015 година за да го простудира регионалниот пристап за транзиционата правда на Балканот. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат национализам и демократизација во глобалната ера, постконфликтната реконструкција и безбедност, граѓанското општество и човекова безбедност, воени злосторства и транзициона правда како и европската интеграција на Западен Балкан.
 

FILTER

READ THIS ALSO