Autor: Arber Sadiki

Архитектурата од последните две децении

Во 2014 година напишав текст за Биеналето во Венеција во кој се фокусирав на читањето на историските слоеви на косовските градови и на тоа како повеќето слоеви создадоа сложен резултат на историски, социјални околности, па дури и на политички системи. Не ми беше тешко да ги идентификувам јасните траги од секој период. Јасно се гледа волјата на императорот Јустинијан, кој преку славата на Улпијана, се обиде да остави свој белег на земјите од каде потекнуваше, исто како и влијанието на православната црква врз средновековниот општествен поредок преку црквите и манастирите. Пет вековното османлиско владеење остави траги во секој аспект од животот, доминирајќи во контурите на локалитетите со нивните бројни куполи и минариња. Дамките од австро-унгарскиот неокласицизам - без оглед колку индиректно - поминуваат тука и се протегаат сè до Југославија по Втората светска војна, кој го прошири слоганот на „апсолутна еднаквост на самоуправувачкиот социјалистички поредок и униформноста на масите без социјални класи“ на политиките за развој на градот преку зградите избалансирани и по цена и по израз. За мене најтешкиот период за артикулација беше во голема мера - и денес сè уште е - периодот по неодамнешната војна (од 1999 година). Ова може да се должи на блиското временско растојание. На крајот на краиштата, тоа што поблиските работи најтешко се гледаат во пошироката рамнина претставува и физичко правило. Од општа перспектива, овој период го дефинирав како збунувачки, неисполнет, без јасна визија, што исто така се огледува во истите збунувачки, неисполнети мерки и форми и недостатокот на визија во неговата архитектура. Јас сè уште се обидувам да го разјаснам, барем со давање на моето целосно индивидуално гледиште, без воопшто да инсистирам на неговата апсолутна вистинитост.

Веднаш по војната имаше огромен бум на градежништво во Приштина и другите косовски градови. Првично, се чинеше дека има потреба од засолниште, од една страна заради уништувањето во војната, а од друга страна заради забрана за градење за време на десетгодишниот режим на Милошевиќ. Сепак, набрзо, потребата за засолниште се претвори во алчност за богатство. Градот започна да се третира како гигантска градежна парцела каде што требаше да се подига зграда на секое празно место. Индивидуалните куќи и станбени области, изградени со љубов во 80-тите години, покриени со вкусно зеленило, како што се во квартовите Пејтон, Брегу и Диелит, Додона, Тофане или Емшир, беа принудени да им ги предадат на градителите во компензација за неколку станови. Со други зборови, парцелите што некогаш комуницирале грациозно со одделните куќи поставени во согласност со нивната големина, создавајќи хармонија меѓу нив, биле нарушени од огромните повеќекатни станбени згради. Во отсуство на катастарски книги кои беа украдени од режимот на Милошевиќ додека го напуштаа Косово, разни престапници имаа можност да градат повеќекатни станбени згради само за комерцијални цели на многубројни јавни простории.

Друго нешто што значително влијаеше на обезличувањето на градот беше начинот на приватизација на општествените претпријатија. Во повеќето случаи, имотот на овие општествени претпријатија беше приватизиран за да не се оживее нивниот индустриски или комерцијален карактер, но гледано од објективот на привлечни парцели за градба. Најфлагрантен случај е тој од маалото „Фазита“ во срцето на Приштина, кое преку ноќ се трансформираше од економска зона со супер ниска густина на градби во атрактивна градежна област за згради високи и по  40 ката, без да размислиме за какви било дополнителни интервенции кои би биле потребни на јавна инфраструктура!

Овие три сценарија за уништување на градот: напад врз индивидуалните резиденцијални населби, напад врз јавните имоти и злоупотреба на процесот на приватизација не беа случајни, туку ја следеа јасната стратегија за супер-профит на градежниците. Градовите беа третирани како градежни парцели со цел максимално присвојување на богатството притоа целосно заборавајќи на квалитетот на животот на граѓаните, решавајќи ги заедничките потреби, а во процесот уништувајќи, обезличувајќи и занемарувајќи го присуството на насилното и трауматско минато.

Затоа, не би можеле да го разбереме овој дваесетгодишен период без да погледнеме како се третирале тие неколку преостанати јавни простори, како што се централните плоштади, шеталишта, паркови, итн., кои не можеа да се приватизираат или узурпираат. Иако не биле приватизирани, тоа не значи дека не биле злоупотребени. Овластувањата во тоа време беа многу јасни за важноста на демонстрирање на нивната моќ преку присуство во центарот на јавноста. Така, и покрај тоа што не вложија напори да создадат нови јавни простори, тие безкомпромисно беа присутни по секоја цена во постојните. Неколку години по војната, кои продолжија и во денешницата, јавните простори беа исполнети со скулптури кои ги прикажуваа протагонистите од неодамнешната војна. Досега, тоа е сосема разбирливо. Тие не направија ништо поинаку од она што го правеа сите моќници, барем во последните 2500 години во цивилизациите ширум светот. Она што е очигледно, сепак, е НАЧИНОТ  НА КОЈ ТОА ГО НАПРАВИЛЕ ?! Ова, всушност, нè наведува да разбереме ЗОШТО ТОА ГО НАПРАВИЛЕ?!

Сите овие скулптури, подигнати на сите плоштади околу Косово, лесно можат да се поделат во две категории. Првата категорија, онаа во која скулптурите имаат големи пропусти во пропорциите, направени од автори-аматери, и втората, онаа каде што скулптурите се направени правилно во рамките на принципите на социјалистичкиот реализам по Втората светска војна. Последниве, главно направени од истакнати скулптори од Република Албанија, каде овој стил беше многу развиен, честопати постигнуваат совршенство во рамките на овој стил, што сепак е недоволно за да се ужива во статусот на уметничко дело, бидејќи не се зема предвид потребната компонента на РАБОТА - ВРЕМЕ. Затоа, лесно забележуваме и во првата и во втората инстанца дека доаѓањето на овие протагонисти на јавните простори повеќе од искрената подготвеност да се почитуваат нивните жртви е политичка волја да се наметне и истакне КОЈ ЈА ДОНЕСЕ СЛОБОДАТА. Така, целиот уметнички фокус на овие дела се однесува на детализирање и нагласување на военото оружје, а помалку на психологијата и интелектот на протагонистите, и воопшто не се однесува на нивниот возвишен идеал: СЛОБОДАТА. Значи, херојот на нашата слобода може да има интелектуално минато, како што е Хамез Јашари - учител, Агим Рамадани - поет и уметник, Едмонд Хоџа - студент, но леаните во бронза никогаш не смеат да се без ПУШКА, како што треба и да се истакне дека слободата е резултат само на ПУШКАТА и во никој случај не произлегува од која било друга активност. Ова, вклучувајќи го и потребниот естетски соц-реалистички говор што беше резултат на експлицитното барање на оние што нарачаа скулптури на политичките моќници кои доаѓаа на сцената, што е поврзано со соц-реализмот на идеолошки план, и сакаа да ја демонстрираат својата политичка моќ на овој простор која мораше да одговара на политичката идеологија што тие ја претставуваа. Така ги поставија темелите на својата политичка иднина, манифестирајќи ја својата моќ во просторот.

На крај, не знам дали 20 години се доволни за да се именува период со свое име, но доколку тоа требаше да се стори, засновано врз основната функција на архитектурата – која е да ги обезбеди најдобрите градби за живеење, од она што е изградено во последните дваесет години, името што најдобро би одговарало би било АРХИТОРТУРА.

Арбер Садики (1977) архитект, предавач, критичар. Докторирал технички науки од областа на архитектурата и урбанизмот на универзитетот во Белград. Неговата област на интерес и истражување е поврзана со односот помеѓу социјалните околности и архитектурата.

Помошник куратор на павилјонот на Косово на 14-то Венециско биенале. Номиниран за Наградата за архитектура Ага Кан, во Женева. Добитник на наградата „Годишна награда за научна работа од областа на културното наследство“, 2020 година, доделена од Министерството за култура, за неговата публикација под наслов: „Архитектура на јавни градби во Приштина: 1945-1990, социјални фактори и фактори на обликување“.

ДОПОЛНИТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ

Што е Балкански.Перспективи?

Балкански.Перспективи е регионално списание кое се фокусира на соочување со минатото (СсМ) во Западниот Балкан. Списанието се изработува на четири (4) јазици и е заеднички проект помеѓу Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Списанието е платформа за локалните актери кои го подржуваат конфликт – сензитивниот дискурс на теми поврзани од неодамнешното минато. Списанието нуди плуралност на перспективите на СсМ насекаде во регионот и цели кон оспорување на стереотипите и етноцентричните наративи, како и охрабрување на критичкото размислување, поширока дебата и засилување на конструктивните пристапи за соочување со неодамнешното минато.


Можете електронски да се претплатите на списанието со испраќање на електронска пошта на: balkan.perspectives@forumzfd.de.

Го поздравуваме и цениме вашето мислење и фидбек и се надеваме дека ова списание ќе ви биде вреден ресурс.

 



  Newsletter

Балкански.Перспективи