Кога траумата и насилството се манифестираат на одредени места

„Ова се опкружувања кои сè уште не заздравиле со текот на времето, каде влогот на трауматичната меморија остануваат оспорени и каде последиците од она што се случило таму продолжуваат да влијаат на сегашноста“

 

Почитувани читатели на Балкански.перспективи,

Во Западен Балкан, по насилните конфликти во 90-тите и раните 2000-ти, траумата и насилството се впишаа во мноштво општествени сегменти. Во различни изданија на Балкански.перспективи се дискутираше за политичките, социјалните и културните импликации и потребата од континуирано и критичко размислување за тоа како минатите конфликти влијаеле врз општествата во земјите на поранешна Југославија.

Ова издание на Балкански.перспективи се обидува да додаде уште еден поим на овие дискусии. Балкански.перспективи # 17 „Насилство - траумата и војната во архитектурата и јавните простори” е критичен одраз за тоа како траумата, војната и насилството ја обликуваа непосредната околина, зградите и местата во кои живееме, со што траумата стана дел од нашето секојдневие, придонесувајќи за величање на насилството и етно-националистичките дискурси. Уништувањето на конкретни згради и споменици, местата на културното наследство или јавната инфраструктура беше стратегијата за време на насилните конфликти во регионот. Истражувачите измислиле термини како „урбицид“, „повоени окружувањата (warscapes)“, „меморицид“ или „повоена архитектура (warchitecture) “ за да го опишат овој феномен. Овие термини нагласуваат дека градовите не биле само физички места за борба, „туку архитектурата и урбаниот простор биле прилагодени и како воено оружје“ .

Author: Irina Subotić
15.07.2021
Уништувањето на нормалниот живот нема да успее!

Author: Olga Manojlović Pintar
15.07.2021
Четири тези за архитектурата на траума

Author: Filip Koneski
15.07.2021
Урбанизам без почит кон минатото / Скопје

Author: Nermina Trbonja
15.07.2021
Меморијализација на сегашноста

Author: Filip Koneski
15.07.2021
Урбанизам без почит кон минатото / Скопје – втор дел

Author: Arber Sadiki
15.07.2021
Архитектурата од последните две децении

Author: Ares Shporta
15.07.2021
Косовските кина во контекст: репортажа

Author: forumZFD
BROJ 17
15.07.2021
Балкански.Перспективи Подкаст

Author: Ena Kukić
15.07.2021
МЕМОРИЈАЛНИОТ КОМПЛЕКС ВРАЦА: Слоеви на меморијата

Импресум 17 - 07/2021

Главен уредник: Александар Војвода

Уреднички тим: Сунита Даутбеговиќ – Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Ана Пејовиќ

Автори: Филип Конески, Ена Кукиќ, Олга Манојловиќ Пинтар, Арбер Садики, Арес Шпорта, Ирена Суботиќ, Нермина Трбоња

Подкасти: Босна и Херцеговина: медиумска платформа Нараториум, Ѓорѓе Крајишниќ, Армина Пилав, Дамир Углјен и Неджад Новалиќ. Косово: ТИИЛТ Радио, Беким Рамку и Сербезе Хаџиај. Северна Македонија: РадиоМОФ, Филип Конески. Србија: Радио емисија Женергија на Радио Аппарат, Зое Гудовиќ, Ива Чуклиќ, Сенка Домановиќ, Оља Николиќ Киа.

Дизајн (Насловна страна): Енвинион

Превод: ЛГБ Комуникации (албански), Луна Ѓорѓевиќ (БХСЦ), Мартина Кимовска (македонски)

Лекторирање: ЛГБ Комуникации (албански), Зинаида Лакиќ (БХСЦ), Жанет Ристоска (македонски)

 

                                                                               

Што е Балкански.Перспективи?

Балкански.Перспективи е регионално списание кое се фокусира на соочување со минатото (СсМ) во Западниот Балкан. Списанието се изработува на четири (4) јазици и е заеднички проект помеѓу Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Списанието е платформа за локалните актери кои го подржуваат конфликт – сензитивниот дискурс на теми поврзани од неодамнешното минато. Списанието нуди плуралност на перспективите на СсМ насекаде во регионот и цели кон оспорување на стереотипите и етноцентричните наративи, како и охрабрување на критичкото размислување, поширока дебата и засилување на конструктивните пристапи за соочување со неодамнешното минато.


Можете електронски да се претплатите на списанието со испраќање на електронска пошта на: balkan.perspectives@forumzfd.de.

Го поздравуваме и цениме вашето мислење и фидбек и се надеваме дека ова списание ќе ви биде вреден ресурс.

 



  Newsletter

Балкански.Перспективи