Што ако му се дадеше шанса на Мирот?

 

„Многу добро се сеќавам на едно прашање на прес-конференција, на која еден новинар праша зошто сме снимиле антивоена песна кога војната е завршена, алудирајќи на тоа дека конфликтите во Хрватска се смируваа. Тоа навистина ми остана во сеќавање бидејќи јас не гледав на тоа така, јас гледав дека најтешката војна допрва се подготвува.“

Срѓан Гојковиќ Гиле, член на њу-вејв групата „Електрични оргазам“[1]

Во 2021 година се одбележува 30-годишнината од настаните што доведоа до насилно распаѓање на Југославија. Наративите за насилство и војна сè уште одекнуваат во регионот на Западен Балкан преку етноцентричните политики, ревизионистичкото прераскажување на историјата, негирањето на воените злосторства, националистичката политика и занемарувањето на важноста на справувањето со ова заедничко минато.

Author: Linda Gusia
11.05.2021
Изложба „Податоци: Март“ – Протести и активизам на жените на Косово

Author: Igo Rogova
11.05.2021
Протести на жените на Косово во 90-тите години на минатиот век: Приказната за Иго Рогова

Author: Naum Trajanovski
11.05.2021
Македонските 1980-ти и 90-ти години на минатиот век: оаза на мирот?

Author: Nađa Duhaček i Daša Duhaček
11.05.2021
Антивоеното движење и жените во Србија во текот на 90-тите години на минатиот век

Author: Nikola Mokrović
11.05.2021
Кон 30. годишнината од Антивоената кампања во Хрватска

Author: Suada Kapić
11.05.2021
Културата на отпорот и културата на сеќавањето

Author: Mišo Vidović, Jelena Jevđenić
11.05.2021
Концерт „Јутел за мир“, Бања Лука, 24 август 1991 година

Author: forumZFD
11.05.2021
Балкански.Перспективи Подкаст

Impressum 16 - 05/2021

Главен уредник: Александар Војвода

Уреднички тим: Сунита Даутбеговиќ – Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Ана Пејовиќ

Автори: Даша Духачек, Наѓа Духачек, Линда Гусиа, Јелена Јевѓениќ, Суада Капиќ, Никола Мокровиќ, Иго Рогова, Наум Трајановски, Мишо Видовиќ

Подкаст: Босна и Херцеговина: медиумска платформа Нараториум, Ѓорѓе Крајишник и Јадранка Миличевиќ. Косово: ТИИЛТ Радио тим, Маригона Шабиу од МИЧП Косово и Сербезе Хаџиај. Северна Македонија: РадиоМОФ, Јасмина Јакимовска и Наум Трајановски. Србија: радио емисија „Женергија“ на Радио Апарат, Зое Гудовиќ, Сташа Зајовиќ, Драган Протиќ (Прота Шкарт), Наташа Кандиќ и Никола Баровиќ

Дизајн (насловна страна): Енвинион

Превод: ЛБГ Комуникации (албански), Луна Ѓорѓевиќ (БХЦС), Мартина Кимовска (македонски)

Лекторирање: ЛГБ Комуникации (албански/англиски), Зинаида Лакиќ (БХЦС), Жанет Ристоска

                                                                       

Што е Балкански.Перспективи?

Балкански.Перспективи е регионално списание кое се фокусира на соочување со минатото (СсМ) во Западниот Балкан. Списанието се изработува на четири (4) јазици и е заеднички проект помеѓу Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Списанието е платформа за локалните актери кои го подржуваат конфликт – сензитивниот дискурс на теми поврзани од неодамнешното минато. Списанието нуди плуралност на перспективите на СсМ насекаде во регионот и цели кон оспорување на стереотипите и етноцентричните наративи, како и охрабрување на критичкото размислување, поширока дебата и засилување на конструктивните пристапи за соочување со неодамнешното минато.


Можете електронски да се претплатите на списанието со испраќање на електронска пошта на: balkan.perspectives@forumzfd.de.

Го поздравуваме и цениме вашето мислење и фидбек и се надеваме дека ова списание ќе ви биде вреден ресурс.

 



  Newsletter

Балкански.Перспективи