Издание 15

(Пре)пишување на историјата на Западен Балкан

Почитувани читатели на Балкански.Перспективи,

Во претходните изданија уредничкиот тим на Балкански.перспективи ви укажа како и зошто историјата во регионот на Западен Балкан се оспорува, се побива и се инструментализира. (Пре)пишувањето на историјата не е неутрален, туку намерен политички процес кој се обидува да утврди реалности и наративи и ги рефлектира односите на моќта во различни временски периоди. Во овој поглед, историскиот ревизионизам и негирање не можат да бидат само нормализирање на моноперспективните историски наративи. Историскиот ревизионизам има потенцијал да изгради подлога што ги побива основните демократски достигнувања, ги оживува авторитарните тенденции и дискредитира иницијативи што го оспоруваат есенцијалниот поглед на идентитетите и општествата преку инструментализација на историските дискурси. Во таквите случаи, создавањето на „НИЕ“ ги придушува гласовите во процесот на клучната историзација на заедничкото минато на сметка на создавањето на „ДРУГИТЕ“.

Author: Lejla Gačanica
23.12.2020
Преобликување на минатото во јавниот простор: случајот со Мостар

Author: Husnija Kamberović
23.12.2020
Историски ревизионизам во Босна и Херцеговина

Author: Milivoj Bešlin
23.12.2020
Историскиот ревизионизам како платформа за национализам и пречка за траен мир на Западен Балкан

Author: Sanja Petrović
23.12.2020
Нема земја за стари луѓе

Author: Arber Salihu
23.12.2020
Потреба од ревидирање на наставата по историја

Author: Shkëlzen Gashi
23.12.2020
Измени во учебниците по историја се предуслов за нормализирање на односите

Author: Marko Krtolica
23.12.2020
Методија Андонов-Ченто Херој/предавник/херој

Author: Natasha Stamenkovik
23.12.2020
Условeноста на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и усогласеноста на Македонија

Импресум ~ Издание бр. 15 – 12/2020

Уредник: Александар Војвода

Редакција: Сунита Даутбеговиќ – Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Срѓан Херцигоња, Вјолца Ислами Хајрулаху, Нехари Шари

Автори: Миливој Бешлин, Лејла Гачаница, Шкелзен Гаши, Хуснија Камберовиќ, Марко Кртолица, Сања Петровиќ Тодосијевиќ, Арбер Салиху, Наташа Стаменковиќ

Дизајн (насловна страна): Енвинион

Превод: ЛБГ Комуникации (албански), Ивана Радовиќ (БХС), Мартина Кимовска (македонски)

Лектура: ЛБГ Комуникации (албански), Зинаида Лакиќ (БХС), Жанет Ристоска (македонски)

                                                                            

Што е Балкански.Перспективи?

Балкански.Перспективи е регионално списание кое се фокусира на соочување со минатото (СсМ) во Западниот Балкан. Списанието се изработува на четири (4) јазици и е заеднички проект помеѓу Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Списанието е платформа за локалните актери кои го подржуваат конфликт – сензитивниот дискурс на теми поврзани од неодамнешното минато. Списанието нуди плуралност на перспективите на СсМ насекаде во регионот и цели кон оспорување на стереотипите и етноцентричните наративи, како и охрабрување на критичкото размислување, поширока дебата и засилување на конструктивните пристапи за соочување со неодамнешното минато.


Можете електронски да се претплатите на списанието со испраќање на електронска пошта на: balkan.perspectives@forumzfd.de.

Го поздравуваме и цениме вашето мислење и фидбек и се надеваме дека ова списание ќе ви биде вреден ресурс.

 



  Newsletter

Балкански.Перспективи