Околу соочувањето со минатото (Веб-Страна)

По вооружените конфликти во поранешна Југославија, голем број на поединци и организации од  граѓанското општество во регионот на Западен Балкан, нивната работа ја посветија на процесот на справувањето со минатото (DWP), превенција на конфликти и градење на мирот.
Голем број на организации, иницијативи и индивидуалци се ангажирани во процесот на Справување со Минатото,  и исто така во оваа област постојат и голем број на активности и публикации.

Со цел да се зачува ова важно наследство на организациите, иницијативите  и поединците од  Западен Балкан, Форум Цивилен Мировен Сервис  (forumZFD) донесе одлука за развивање  на  цела платформа на  ресурси со теми  кои што ќе бидат поврзани со справувањето со минатото  и истовремено ќе бидат корисни за сите засегнати страни.

Овој регионален вебсајт  е фокусиран на теми поврзани со Справувањето со Минатото во Западен Балкан и е првата платформа на ресурси со оваа намена и истото ќе служи како регионална база на податоци за сите организации, поединци и иницијативи во регионот,  коишто дејствуваат во оваа област. Исто така, во  оваа  вебстрана ќе се соберат публикации, документи и прилози на оваа тема.

Корисници на оваа платформа на ресурси се  невладините организации, членовите на владините институции кои се вклучени во процесот на ССМ како што се академијата, граѓанското општество, уметничкото општество, новинарите, младите и сите други заинтересирани страни кои покажуваат голем интерес  за оваа тема. Ова вебстрана  е достапна на неколку јазици, и тоа: англиски, албански, македонски и БХСЦ (босански, хрватски, српски и црногорски).

Околу forumZFD

forumZFD смета дека регионалниот пристап е многу важен за процесот на Справување со Минатото и помирувањето во Западен Балкан, токму заради оваа причина ние веруваме дека оваа платформа може да биде многу корисна во целиот овој процес. Форум Цивилен Мировен Сервис (forumZFD. Forum Ziviler Friedensdienst e. V.) е Германска организација која што е основана во 1996 год.

ФорумЗФД обучува и распоредува мировни експерти во конфликтните региони каде што тие ќе работат заедно со локалните партнери за промовирање на мирен соживот и решавање на ненасилни или конфликтни ситуации. Во земјите на Западен Балкан, фокусот е ставен на проекти во областа на Соочување со Минатото и во поттикнувањето на дијалогот помеѓу спротивставените страни.

Ова вклучува проекти за училишна медијација, поддршка на граѓанското општество или подобрување на капацитетите на медиумите за поконструктивен пристап кон Соочувањето со Минатото.

Стратешки партнер на forumZFD во Западен Балкан е Пакс Кристи во епархијата на Ахен.

 

 

 

За повеќе информации во врска со forumZFD посетете ја следната веб-страница: www.forumZFD.de

За повеќе информации околу активностите во Западен Балкан за секоја земја посебно, следете не на Фејсбук: