Autor: Safeta Biševac

Октомври во Белград

Фото: Јасмина Спасиќ

Граѓаните на Србија го поврзуваат октомври, десеттиот месец од годината, со годишнината од ослободувањето на нивниот главен град во Втората светска војна. Ослободувањето на Белград, на 20-ти октомври 1944 година стави крај на германската окупација на главниот град на Југославија која траеше 1287 дена, а беше извојувана од страна на единиците на Народно-ослободителната војска (југословенските партизани) и Црвената армија. Во борбата за ослободување на Белград, 2.953 припадници на Народно-ослободителната војска и 976 војници на Црвената армија беа убиени, а јас секогаш чувствував посебна врска со овој голем настан можеби поради моето лично минато. Постои изрека дека училишните денови се најдобрите години од живот, а јас учев во основното училиште кое се викаше „20 Октомври“. Што значи дека секој 20. Октомври имавме двојна прослава - празник на нашиот град и на нашето училиште.


Промената на празникот на градот

Сè тече, сè се менува, па така и 20. Октомври веќе не се прославува во Белград или во Србија како што се славеше кога бев дете. Некое време, за жал, за време на владеењето на „демократските“ партии, 20. Октомври беше речиси заборавен. Белград беше ослободен од страна на Тито и партизаните, а не од страна на Дража и четниците, што не им одговараше на различните „демократи“. Беше трагично да се гледа прославата на 20. Октомври чија главна цел не беше да се прослави споменот на хероите, туку да се избегне по секоја цена дури и споменувањето на југословенските партизани и Јосип Броз Тито. Денот на Белград веќе не е 20. Октомври, туку 16. Април, кога словенското име Белград за прв пат беше искористено во едно писмо од папата Јован VIII во 878 година. Немам ништо против 16. Април, првото спомнување на словенското име за Белград е секако важно, но 20. Октомври е сепак 20. Октомври.

Да не беа Русите, посебно Путин и Медведев, 20. Октомври досега ќе беше заборавен, заедно со неговото прославување. Влијанијата на Русија во овој регион на Балканот се можеби „малигни“, како што знаат да кажат голем дел од американските политичари и аналитичари, но треба да им се заблагодариме на „Руските“ барем за тоа што спречија 20. Октомври да заврши во отпадот на историјата.

На сред отворено анти-партизанската манија, што подразбираше менување на улиците именувани по советските херои кои учествувале во ослободувањето, генерал Жданов и Маршал Толбухин, Москва „се разбуди“. И речиси редовната меѓусебна комеморација на 20. Октомври започна во 2010 година. Во Белград во 2014 година беше одржана воена парада во чест на Путин, но сепак се случи „пред предвиденото“ - на 16-ти октомври.

На прославата оваа година ќе присуствува и Дмитриј Медведев. Во еден неодамнешен телефонски повик, Вучиќ најнапред на премиерот Медведев му посака среќен роденден, а потоа го потврди неговото доаѓање. „Посебна чест е што сте ни гостин на денот на прославата на 75-годишнината од ослободувањето на Белград, кога нашите два народи се обединија во солидарност и го победија нашиот заеднички непријател“, изјави претседателот Вучиќ. Поранешната „демократска“, а сега „прогресивна“ владата имаат различен став кога станува збор за 20. Октомври, но имаат едно нешто заедничко. Тие забораваат дека главниот град не бил ослободен само од страна на Русите, туку и од другите народи на СССР. Единиците на Црвената армија која го ослободи Белград не се нарекуваше Трет украински фронт за џабе. Исто како што забораваат дека југословенските партизани не беа само Србите, туку и другите југословенски народи.

Зошто политичките партии кои се бореа против Милошевиќ толку се трудат да ја променат историјата на Втората светска војна? Дали стануваше збор само за идеолошки судир против комунистичката партија и Јосип Броз, што се отсликува во донесувањето на законот со кој активностите на партизаните и четниците во војната се прогласуваат за еднакви што ја овозможи рехабилитација на Дража Михајловиќ и неколку членови на движењето на четниците кои беа осудени за злосторства против народот по ослободувањето во 1945 година? А потоа се прашуваат како Александар Вучиќ дошол на власт по нив, и мајсторски продолжил со промената на нашата понова историја, војните во 90-тите години и неговата улога во нив. Вториот дел од реченицата е многу поважен за него. Вучиќ, сепак, за разлика од неговите претходници, нема проблем со припишување на туѓите заслуги на свое конто, или поточно на заслугите од партизанските победи во Втората светска војна.

 

Промена на имињата на улиците

Кога коалицијата ДС-СПО (Демократска партија - Српско движење за обнова) дојде на власт во Белград во 1997 година, по многу месеци на протести против Милошевиќ и неговиот обид за изборна измама, еден од првите потези беше промената на имињата на улиците.

Беа многу посветени. Плоштадот Маркс и Енгелс стана Плоштад Никола Пашиќ, улицата Борис Кидрич стана Белградска улица, што беше нејзиното име пред војната, улицата Лола Рибар беше преименувана во Светогорска. „Демократската“ влада во тоа време не беше голем љубител на советските воени лидери и Црвената армија, па улицата Маршал Толбухин стана улица Мекензи, како пред војната, а улицата Генерал Жданов повторно стана Ресавска. Булеварот на Црвената армија стана Јужен Булевар. Интересно е тоа што градските власти го пропуштија Маршал Бирјузов, така што неговото име сè уште го носи називот на некогашната улица Космај. Бирјузов успеа да го преживее и бранот на новите промени на имињата на улиците во Белград, особено оној во 2004 година кога голем број на улици биле преименувани. Неговата улица сè уште егзистира во самиот центар на градот.

Градските власти предводени од страна на ДС (Демократската партија) со градоначалникот Драган Ѓилас одлучија во 2010 година да надминат барем дел од оваа неправда. Медведев се појави на годишнината од ослободувањето... Беше очигледно дека беше направено без многу ентузијазам, сè со цел да и се удоволи на Москва, со изборот на улиците. Маршал Толбухин доби улица во Чукарица, кој претходно беше позната како Лазаревац. Генералот Жданов доби улица во населба Вождовац, поточно во населбата Бели Поток. Името Булевар на Црвена армија беше дадено на новоизградениот пат во близина на населбата Белвил, која во тоа време сè уште се градеше.

Пред две години, за време на друга годишнина од ослободувањето на Белград, заменик-градоначалникот на Белград, Андреја Младеновиќ и рускиот амбасадор, Александар Чепурин, открија плочи со имињата на улиците Маршал Толбухин и генералниот Жданов на аголот на поранешните улици Похорска и Гоце Делчев во Нов Белград. Тогаш, Младеновиќ изјави дека со враќање на имињата на улиците на хероите кои ги заслужуваат ја исправаат голема неправда што беше направена кога на улиците кои претходно ги носеле нивните имиња се промениле. Амбасадорот Чепурин изрази задоволство што овие улици се наоѓаат во Нов Белград, бидејќи тој дел од градот се појави по Втората светска војна и ја претставува ерата на напредокот и благосостојбата.


Коча и Пеко

Во тоа време, сепак, генералите кои ги предводеа партизанските сили во ослободувањето на Белград, Пеко Дапчевиќ и Коча Поповиќ, не добија улици именувани според нив. Како е можно државата да не си ги почитува своите ослободители? Како да се очекува од таква држава, која ги занемарува своите ослободители и жртви, да почитува нечии други? Доколку ги погледнеме биографиите на овие два национални херои, лесно е да се види зошто некои ги доживувале како „трн во око“. Историчарите и луѓето кои ги познавале тврдат дека тие имале сосема различни личности. Иако биле легендарни борци, национални херои, посветени комунисти, тие не ги следеле сите одлуки донесени од страна на Сојузот на комунистите како канон. Тие имале свои ставови и за време на 90-тите години станале речиси и одметници.

Башибозук, багра и брбушки се кренаа да го возобноват Душановото царство. Србите се само против оној кој сака барем малку да ги опамети, а воодушевено ги поздравуваат сите кои повеќе ги заглупуваат, уназадуваат или унесреќуваат. Жалосно е што Србите во цивилизациска и културна смисла останаа на нивото на кое беа пред сто години. Тие не се во судир со светот, туку со самите себе, се враќаат на шајкачата и опинците од кои едвај излегоа. Бев и останав Србин, ама не сум закоравен националист и србенда. Таквите го предадоа и засрамија српскиот народ и направија пародија од неговата славна историја“, напиша Коча Поповиќ во својот дневник, на почетокот на ерата на Милошевиќ. Тој ги презираше средбите на Милошевиќ на „вистината“, и зборуваше за четниците како кукавици и предавници.

И двајцата го доживеаја распадот на Југославија, земјата која ја сакаа и за која се бореа, прилично тешко. Според луѓето кои го познаваа, за време на т.н. анти-бирократска револуција, Пеко Дапчевиќ знаел луто да ги искине и исфрли првите страници од неговиот омилен весникот „Политика,“ и само да ја чита спортската страница и да го пополнува крстозборот. И двајцата побарале да бидат погребани без државни почести. Коча Поповиќ починал во Белград на денот на ослободувањето, 20-ти октомври 1992 година. Бил кремиран и погребан без почести, говори, венци или собири. Пеко починал на 10-ти февруари 1999 година. Тој бил погребан на гробиштата во Нов Белград, согласно неговите желби, далеку од Алејата на заслужни граѓани.

Можеби се чини малку апсурдно, но Пеко Дапчевиќ и Коча Поповиќ добија улици именувани по нив дури во 2014 година, во градот кој го ослободиле, како команданти на партизанските единици во 1944 година, и именувањето на улиците го направија градските власти на Српската напредна партија (Српска напредна странка - СНС). Оваа промена на името не се случи непречено. Пеко Дапчевиќ доби булевар во Вождовац, за кои никој не се пожали, но Коча Поповиќ ја доби поранешната улица Загреб. Овој славен југословенски генерал најверојатно се превртува во гробот за тоа.

Каде е Србија денес? Како Белград ќе го одбележи ослободувањето на 20. Октомври оваа година? Историја многу одамна е променета, и овој голем ден, најверојатно ќе биде (зло)употребен повторно од политички причини, со уште поголемо минимизирање на револуционерната улога на југословенските партизани и Јосип Броз Тито. Тие забораваат дека секое „ретуширање“ на минатото може да се врати како бумеранг. Ревизијата на историјата од една страна автоматски создава реакција на друга, а ние никогаш нема да излеземе од магичниот Балкански круг на робување на минатото.

Кикерон славно изјави дека „историјата е учител на животот“, а тоа е она што учениците во Србија го учат во петто одделение, кога историјата се воведува како еден од нивните нови наставни предмети. Оние кои нема да ја научат историја, како југословенските народи, особено трауматичните делови, се предодредени да ја повторат. Затоа ги имавме војните во 90-тите години. Сите учиме од грешките од минатото, но ми се чини дека ние не сме многу добри ученици. Или можеби само наставникот не мрази?

Сафета Бишевац

Новинар во дневниот весник Данас од Белград. Својата кариера ја започнала како новинар во приватната новинска агенција Тикер, а продолжила и да пишува за Наша Борба. Соработувала со бројни печатени медиуми, локални и странски, работела како известувач од Парламентот на Србија и Хашкиот трибунал. Поле на интерес ѝ е политиката и човековите права. Работи и со голем број невладини организации.

ДОПОЛНИТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ

Нашиот Колумна

Колумна DwP е нов медиумски производ на онлајн платформа за справување со минатото www.dwp-balkan.org. Колумна DwP е регионална онлајн платформа за конструктивно размислување за теми поврзани со справување со минатото, со цел зајакнување на конструктивен и отворен пристап на регионално ниво. Со користење на ваков блог сакаме да промовираме конструктивен онлајн дискурс поврзан со тековните теми од областа на справување со минатото.

Одрекување од одговорност

Колумна - Справување со минатото е дел од регионалната веб-страница за справување со минатото www.dwp-balkan.org, и служи како онлајн платформа за конструктивни дебати за теми поврзани со справување со минатото. Ставовите изразени на овој блог се оние на неговите автори / блогери и не мора да го одразуваат гледиштето на уредниците или организацијата forumZFD (форум Civil Peace Service). Копирањето и прераспределбата на овој материјал се поттикнува, под услов текстот да не е изменет и да е вклучено соодветно наведување на веб-страницата и името на авторот. Копирањето и прераспределбата се бесплатни.