Издание 14

ЕДИТОРИЈАЛ ~ Издание бр. 14 - 04/2020

Драги читатели,

Справувањето со минатото е тешка тема за разработување, особено во регионот на Западен Балкан кој е склон кон конфликти. Пред драматичниот влез на онлајн-платформите во овој регион, сите вистини од конфликтите беа подложни на манипулации од страна на лидерите и нивните пропагандни алатки за заживување на митовите за големите нации. Сега овие вистини се предмет на навистина неопходното критичко размислување и се чини дека социјалните медиуми и медиумските платформите можат да бидат алатки за ремоделирање на овие процеси, особено во поглед на транспарентноста и проверката на фактите. Сепак, онлајн-сферата има свои недостатоци, особено кога третира чувствителни теми како оние што се однесуваат на минатото на конфликтите. Природата на интернетот кој е „слободен за сите“ и инстантните платформата кои ни се достапни на социјалните медиуми, овозможуваат секој да може да напише, да објави или да сподели секакво мислење за кое смета дека е „вистина“, а со тоа и брзо да стигне до голема публика.

Author: Vladan Đukanović
04.05.2020
Сеќавајќи се на минатото преку социјалните медиуми

Author: Srđan Puhalo
04.05.2020
Справување со минатото во времето на социјалните медиуми

Author: Besnike Salihu
04.05.2020
Секојдневно соочување со сопственото болно минато: предизвиците на справувањето со минатото во дигиталното време

Author: Jovana Prusina
04.05.2020
Судските процеси завршуваат – сега што?

Author: Fitim Gashi
04.05.2020
Во стапицата на лажните вести

Author: Belma Buljubašić
04.05.2020
Улогата на социјалните медиуми во афирмирање на ревизионизмот, препишување на минатото и културата на заборавот

Author: Katerina Smileva
04.05.2020
Социјалните медиуми и порталите – Простор за надминување или засилување на предрасудите?

Author: Fahri Hiseni
04.05.2020
Блиски но непознати

Импресум ~ Издание бр. 14 - 04/2020

Главен и одговорен уредник: Ванеса Робинсон-Конлон

Уредувачки тим: Сунита Даутбеговиќ-Бошњаковиќ, Мартин Филиповски, Срѓан Херцигоња, Вјолца Ислами Хајрулаху, Нехари Шари

Автори: Беснике Салиху, Белма Буљубашиќ, Фитим Гаши, Фахри Хисени, Јована Прусина, Катерина Смилева, Срѓан Пухало, Владан Чукановиќ

Дизајн (насловна страна): Енвион

Превод: ЛБГ комуникации (на албански јазик), Луна Ѓорѓевиќ (БХС), Мартина Кимовска (на македонски јазик)

Лектура: ЛБГ комуникации (на албански јазик), Зинаида Лакиќ (БХС), Жанет Ристоска (на македонски јазик), Лорен Хана (на англиски јазик)

                                                                           

Што е Балкански.Перспективи?

Балкански.Перспективи е регионално списание кое се фокусира на соочување со минатото (СсМ) во Западниот Балкан. Списанието се изработува на четири (4) јазици и е заеднички проект помеѓу Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Списанието е платформа за локалните актери кои го подржуваат конфликт – сензитивниот дискурс на теми поврзани од неодамнешното минато. Списанието нуди плуралност на перспективите на СсМ насекаде во регионот и цели кон оспорување на стереотипите и етноцентричните наративи, како и охрабрување на критичкото размислување, поширока дебата и засилување на конструктивните пристапи за соочување со неодамнешното минато.


Можете електронски да се претплатите на списанието со испраќање на електронска пошта на: balkan.perspectives@forumzfd.de.

Го поздравуваме и цениме вашето мислење и фидбек и се надеваме дека ова списание ќе ви биде вреден ресурс.

 



Балкански.Перспективи